Нелоски: Татко ми е дел од фирмата што ја споменува СДСМ, но не учествува на државни тендери

t

Владимир Нелоски, шефот на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, преку објава на социјални мрежи реагира на денешната прес-конферeнција на СДСМ, од каде што обвинија дека тендерските мрежи околу фирмата „Пирамид билдинг солушнс“ водат до него.

Имено, социјалдемократите на прес-конференција објавија дека таткото на шефот на кабинетот на Мицкоски лани станал содружник во фирмата за облека „Трго строј“ ДОО Скопје, чиј сопственик и управител е Оливера Доновска, сопруга на газдата на „Пирамид билдинг солушнс“.

Нелоски во реакцијата потврдува дека неговиот татко е дел од споменатата приватна фирма, но посочува дека таа не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендер и оти на никаков начин не може да носи одлуки за државните.

„Како и секој човек, па и мојот татко, кој цел живот работи чесно во приватниот сектор, има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија“, вели шефот на кабинетот на Мицкоски во објавата на неговиот приватен фејсбук-профил.

Прес-конференциите на СДСМ во кои тие изнесуваат обвинувања за тендери доделени на фирми наводно блиски до партиите од актуелната власт, Нелоски ги оценува како нечесни и валкани, и кои изобилуваат со невистини, креирани информации и полуинформации.

„Колегите од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата, така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции“, вели Нелоски.

Тој го повикува Социјалдемократскиот сојуз тврдењата на прес-конференциите да ги изнесува во потврдна, а не во прашална форма за да може, како што вели, да поведе соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи.

Опозицискиот СДСМ изминатиот период на неколку прес-конференции објави сознанија на нивниот антикорупциски тим, во кои во фокусот е фирмата „Пирамид билдинг солушнс“. Оваа фирма, според наводите добила 51 тендер во вредност од 16 милиони евра во општини кои се водени од кадри на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвини дека тендерската шема околу оваа фирма води директно до кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски.

„Оливера Доновска, сопругата на газдата на ‘Пирамид билдинг солушнс’, Петар Доновски, е сопственичка и управителка и на трговската фирма со облека ‘ТРГО СТРОЈ’ ДОО Скопје, основана 2019 година. По доаѓањето на власт на ВМРО, или точно на 11.04.2025 година, како содружник во фирмата ѝ се приклучува Јовица Нелоски. Кој е Јовица Нелоски? Татко на Владимир Нелоски, шеф на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Дали сега е јасно? Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма. А, како што покажавме, имаат и тендери“, рече Димитријевиќ на прес-конференцијата, на која ја презентираше новата „бомба“ на нивниот антикорупциски тим.

Компанијата „Пирамид билдинг солушнс“ на 14 јануари, истиот ден откако СДСМ ги објави првите наводи за нејзина поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, преку писмено соопштение до медиумите ги отфрли обвинувањата на опозициската партија, оценувајќи ги за селективно и тенденциозно прикажување податоци кои имаат за цел нарушување на угледот и репутацијата на фирмата.

Оттаму побараа јавно извинување во рок од 24 часа, инаку, во спротивно, како што наведоа, ќе ги искористат сите правни механизми за заштита на своите права.

Од опозициската партија на барањето за извинување реагираа со порака до „Пирамид билдинг солушнс“ да се обрати до Јавното обвинителство и оттаму да бара извинување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нелоски: Татко ми е дел од фирмата…

Владимир Нелоски, шефот на кабинетот на премиерот…

(Фото) Страв од шпионажа! Вирална ФОТОГРАФИЈА од…

Фотографија од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за…

171 милион евра од ЕУ за Западен…

Европската комисија објави поддршка во износ од…

„Сејф сити“ пред Уставен суд: Оформени два…

Подносителите сметаат дека е спорно наметнувањето законска…

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници…

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема…