Нема потреба законот да се повлече, вели Јаневска

t

Нема потреба законот да се повлече затоа што секое повлекување и одложување на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи на штета на студентите и на младите луѓе и, генерално, на целата држава – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали предложениеот закон за високо образование ќе се повлече за доработка.

Како што рече, нема толку многу забелешки од сите универзитети, дека одреден број се повторуваат и оти оние за кои професорите имаат право, ќе бидат коригирани. Посочи на некои за кои веќе има согласност да се изменат.

– На пример, во законот стои дека пред одбрана на магистерскиот труд кандидатот треба да има објавено еден труд во Web of Science. Откако аргументирано поразговаравме дека можеби и нема да има време за такво нешто, тоа ќе биде повлечено. За одбрана на докторски труд се бараше три труда да бидат објавени во списание со импакт-фактор, повторно сметајќи на времето, напорот што треба докторандот да го вложи, заклучивме дека и со два труда е сосема во ред. Веќе тргнал во научното истражување, во зваењето и е сосема во ред да го одбрани докторскиот труд, а потоа да продолжи понатаму со својата кариера – изјави Јаневска, која денеска го посети Саемот на образование и кариера.

Од приватните универзитети, рече, имало забелешки за висината на гаранцијата.

– Оваа нацрт-верзија вели дека гаранцијата треба да е 100 проценти, а имаме пропуштено дека може да дадат и хипотека. Гаранцијата ќе ја сведеме разумно на 70 проценти и ќе дозволиме како гаранција да дадат и хипотека. Во одредени членови од законот навистина има пропуштено и треба да се допрецизираат, но во иста смисла, да не се менува суштината. На пример, до кога ќе трае акредитацијата, за тоа што ќе се случува при новата акредитација итн. Тоа се разумни барања и сите до едно ќе бидат прифатени. Но другите, кои се дискутабилни и за кои разни професори поинаку мислат, работната група ќе се состане уште колку и да треба и ќе се донесат одлуки. Потоа законот повторно ќе биде на ЕНЕР, но тогаш веќе не очекувам забелешки и ќе оди во владина процедура – рече Јаневска.

На прашањето што ќе биде со студентите и професорите од приватните универзитети по новината со законот дека тие ќе немаат правни студии (исто како што нема да се дозволува приватни студии на наставничките факултети и за медицина), министерката одговори дека за тие студенти „нема никаква опасност и ќе си ги завршат студиите според акредитацијата по која ги почнале“.

-Доколку некој од нив сака да се префрли на државните, и тоа ќе им биде овозможено, така што тука нема потреба од никакви стравувања. Во однос на професорите – кога се вработуваме во приватни компании и на приватни универзитети, ние знаеме дека постојат секакви ризици. Да беше сè како што треба, нашите приватни факултети постојат повеќе од 20 години, и да не се случуваа нелегалности во одредени, не велам во сите универзитети, немаше да дојде прашањето за одземање на нивните акредитации. Но со оглед на тоа колку е лоша ситуацијата и во високото образование, државата е должна да преземе активности во нејзина корист и во корист на младите луѓе, истакна Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема потреба законот да се повлече, вели…

Нема потреба законот да се повлече затоа…

Обраќање на Бегај во Собрание: „Коридорот 8…

Без отворени прашања, само пофални зборови за…

Мини реконструкција на владата – еве кои…

Две нови имиња се очекува да станат…

Сиљановска-Давкова повторно бара гаранции од ЕУ

Многупати сум чула за моменти што треба…

Ученик во ООУ „Киро Глигоров“ донел нож…

Ученик во ООУ „Киро Глигоров“ во Капиштец…