Необични подароци за светските лидери: Ердоган делел револвери на Самитот во Анкара
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им приредил необичен дипломатски подарок на лидерите кои присуствувале на Самитот на НАТО во Анкара – гравиран револвер со име и кутија со боева муниција, пренесе ТукијеТудеј.
Подарокот го открил британскиот премиер Кир Стармер пред новинарите, при враќањето од Анкара. Но, тој не можел да го внесе револверот во Велика Британија, бидејќи таквиот потег би бил спротивен на британските закони за огнено оружје.
Револверот на Стармер, според написот, ќе остане во Анкара и ќе биде деактивиран, иако Ердоган приложил и лична белешка со која ги укинува турските извозни ограничувања за оружјето. Таа белешка, сепак, не можела да ги надмине британските правила.
Засега не е познато дали и други лидери на НАТО се соочиле со сличен проблем, односно дали можеле да ги однесат подароците во своите земји.
Подароците биле доделени на маргините на 36. Самит на НАТО, кој се одржа на 7 и 8 јули во претседателскиот комплекс во Анкара. Тоа беше прв Самит на НАТО организиран од Турција по Самитот во Истанбул во 2004 година.
На Самитот доминираа теми поврзани со одбранбените трошоци, поддршката за Украина и можноста за обновување на американската продажба на оружје за Анкара, меѓу кои и евентуалното укинување на долгогодишната забрана за продажба на борбените авиони Ф-35 на Турција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Необични подароци за светските лидери: Ердоган делел…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им приредил…
По 19 години нова Уредба за квалитетот…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…
Почина охриѓанец: Проготал опаковка со дрога за…
На 08.07.2026 година во 22.30 часот на…
Кремљ: Путин и Трамп водат конструктивен дијалог
Дијалогот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и…
Почина пејачката Бони Тајлер, позната по хитот…
Пејачката Бони Тајлер, позната по голем број…