Непочитувањето на протоколите и пиротехниката се заеднички именител за трагедиите во Букурешт, Кочани и Кран-Монтана
Непостоењето или грубото кршење на протоколите за заштита од пожари е заедничката нишка што ги поврзува трагичните пожари во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана. Ова го истакна Раед Арафат, државен секретар во МВР на Романија и прв човек на Одделот за вонредни состојби, за време на денешната посета на Скопје.
Арафат, кој престојува во земјава на покана на Делегацијата на ЕУ, сподели драгоцени искуства од романското справување со катастрофата во клубот „Колектив“ (2015), со цел да помогне во реформите по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, објави 4news.mk
Клучни причини за катастрофите
Според анализите на Арафат, три фактори биле фатални во сите три случаи:
Употреба на пиротехника: Директен причинител на пожарите во затворен простор.
Лесно запаливи материјали: Објектите биле обложени со изолација која овозможила молскавично ширење на пламенот.
Прекубројност и блокирани излези: Во Букурешт, наместо дозволените 80, имало 400 гости. Слично сценарио со стампедо и затворени излези ги зголемило жртвите.
„Во Романија сега работиме на закон со кој целосно ќе се забрани секаков вид пиротехника во кафулиња, барови и дискотеки“, најави Арафат.
Предизвиците на медицинската евакуација
Арафат се осврна на емотивниот и логистички притисок при транспорт на тешко повредените во странство. Тој откри дека по пожарот во Букурешт, механизмите на ЕУ биле реформирани за да вклучат и вакви здравствени катастрофи.
Поуки од терен:
Дисперзија на пациенти: Невозможно е еден центар за изгореници да згрижи стотици жртви одеднаш; клучна е брзата дистрибуција низ повеќе болници.
Тешки одлуки под притисок: Арафат призна дека под притисок на семејствата, понекогаш се дозволувал транспорт на пациенти кои не биле стабилни за лет, што резултирало со смртни случаи во авион.
Долготрајно закрепнување: Државата мора да биде подготвена да ги покрива трошоците за лекување и психолошка помош кои траат и десет години по настанот.
Регионална солидарност
Романија одигра клучна улога во евакуацијата на преживеаните од „Пулс“ во Кочани (март 2025) и од клубот во Кран-Монтана (нова година 2026). Со романскиот специјализиран авион „Спартан“, повредените беа транспортирани во клиники во Литванија, Белгија и Швајцарија.
За потсетување, во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ животот го загубија 63 лица, додека во швајцарскиот центар Кран-Монтана загинаа 41 лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Непочитувањето на протоколите и пиротехниката се заеднички…
Непостоењето или грубото кршење на протоколите за…
Јаневска: „Кај Ромите има проблем“: се запишуваат,…
Има проблем со ромските ученици во училиштата,…
Струмичката марихуана сопственост на локални функционери на…
Неофицијално голем дел од вчерашната заплена на…
ТРАМП ОБЈАВИ РАСИСТИЧКО ВИДЕО ВО КОЕ БАРАК…
Доналд Трамп објави расистичко видео на својата…
Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…
Како Норвешка ја одбра иднината и зошто…