Непријавен накит „Сваровски” вреден 333 илјади денари откриен на Скопскиот аеродром

t

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски” во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата.

Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски”.

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење”, казниво согласно Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со намалување на царините ја зголемуваме конкурентноста…

Со владината одлука за дополнително намалување и…

Спречен обид за криумчарење на лекови, злато,…

Царинската управа спречи обиди за криумчарење на…

Странец сакал да прошверцува 150.000 фунти на…

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје откриле…

Мобилните царински тимови во 2025 со 271…

Мобилните царински тимови во текот на 2025…

Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина…

Советот на Европската Унија формално даде конечно…