Неразјаснетиот одговор на Трамп за Гренланд ја загрижи јавноста
Американскиот претседател Доналд Трамп не даде конкретен одговор на прашањето колку е подготвен да се ангажира во намерата на Соединетите Држави да го преземат Гренланд. По повод една година од повторното преземање на претседателската функција, тој се обрати пред медиумите во Белата куќа. Додека неговото обраќање беше долго и подробноп, одговорите на новинарските прашања беа кратки и јасни.
На прашањето за степенот на неговата подготвеност да го реализира планот за преземање на Гренланд, Трамп едноставно одговори: „Ќе дознаете“.
Оваа изјава дополнително ги засили шпекулациите и загриженоста кај европските сојузници, а особено во Данска и Гренланд, откако претседателот неколку пати јавно ги доведе во прашање нивните права и суверенитет над островот. Кратката и двосмислена порака од Белата куќа се смета за сигнал дека Вашингтон не се откажува од своите амбиции во врска со Гренланд, оставајќи отворено прашањето за потенцијалните чекори што можат да следат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неразјаснетиот одговор на Трамп за Гренланд ја…
Американскиот претседател Доналд Трамп не даде конкретен…
Рама ја прифати поканата на Трамп за…
Премиерот на Албанија, Еди Рама официјално му…
Сојузот на синдикати најавува протести: бараат раст…
Сојузот на синдикати на Македонија најави масовни…
Предупредување на Гренланд: Подгответе се за можна…
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, им порача…
Кривичен суд: Определена мерка домашен притвор за…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…