Објавено на:

Нетанјаху заминува во Вашингтон, средбата со Трамп сè уште не е потврдена

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху в сабота ќе отпатува во Соединетите Американски Држави, објави „Џерусалем пост“. Според најавите, тој ќе престојува во Вашингтон до вторник.

За време на посетата, Нетанјаху планира да присуствува на комеморативна церемонија во чест на американскиот сенатор Линдзи Греам.

Израелски извори наведуваат дека премиерот сака да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата засега не е официјално потврдена.

Ова ќе биде прва посета на Нетанјаху на САД по почетокот на војната меѓу Израел и Иран. Неговото последно патување во Вашингтон беше во февруари годинава.

За време на неодамнешниот телефонски разговор, во кој Нетанјаху му го честитал Денот на независноста на САД и 250-годишнината од американската независност, двајцата лидери се договориле наскоро да се сретнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху заминува во Вашингтон, средбата со Трамп…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху в сабота ќе…

Поднесено обвинение за измами со брзи кредити

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна…

Венс: Епштајн имал врски со врвни американски…

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, изјави дека…

Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот…

Центарот за управување со кризи соопшти дека…

Кривопаланчанец ја претепал невенчаната сопруга – завршила…

31-годижна жена со повреди завршила во болница,…