Нетанјаху: Има многу знаци дека ајатолахот повеќе не е жив
Излезете масовно на улиците и завршете ја работата. Крајно време е да се обединиме во историска мисија – рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во генерација“ да го соборат режимот таму. Тој рече дека израелските напади ќе им помогнат „да се ослободат од тиранијата“.
-Излезете масовно на улиците и завршете ја работата. Крајно време е да се обединиме во историска мисија – рече Нетанјаху.
Нетанјаху, исто така, тврдеше дека „постојат многу знаци дека тиранинот Хамнеи повеќе не е жив“. Сепак, тој не понуди никакви докази за тоа тврдење.
Тој објави дека операцијата ќе продолжи сè додека е потребно и повика на трпение. Нетанјаху рече дека Израел има „алијанса за мир и алијанса за војна“, додавајќи дека оваа војна на крајот ќе доведе до „вистински мир“.
-Ова е можност да се направи нешто. Не седете со скрстени раце, бидејќи ќе дојде време кога ќе бидете замолени да излезете масовно на улиците. Мора да ја завршите оваа работа, мора да го соборите и искорените овој режим – заклучи тој.
Иран: Врховниот лидер и претседателот се живи и здрави по нападот
Иранското Министерство за надворешни работи претходно објави дека Врховниот лидер и претседателот на земјата се живи и здрави откако се појавија информации за нападот врз комплексот во Техеран.
-Сите се безбедни и неповредени. Вистина е дека некои од нашите команданти беа маченички убиени во овој терористички чин на агресија. Но, важно е дека иранскиот народ и нашите храбри вооружени сили преземаат сите потребни мерки за да го одбранат Иран на најсилниот можен начин- рече портапролот на министерството за надворешни работи.
Министерот за надворешни работи претходно изјави за американската телевизиска мрежа NBC News дека Врховниот лидер е жив „колку што тој знае“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: Има многу знаци дека ајатолахот повеќе…
Излезете масовно на улиците и завршете ја…
Кина бара прекин на нападите и почитување…
Кина повика на итен прекин на воените…
Уставните измени се прашање на кредибилитет, вели…
Договорите на ЕУ јасно не прават никаква…
Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот…
Универзитетската прoфесорка и поранешна министерка за образование…
Трамп бил предупреден пред нападот: Ризикот е…
Американскиот претседател Доналд Трамп добил проценки пред…