Објавено на:

Нетанјаху повика на глобална коалиција против Иран

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес повика на формирање глобална коалиција против Иран и вети дека лично ќе „ги таргетира“ сите ирански лидери, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.

Посетувајќи го местото на ракетниот напад во Арад, Нетанјаху ги повика светските лидери да ги обврзат своите земји на заедничка воена операција предводена од Израел и САД против Иран.

Откако Иран ја погоди британско-американската воздухопловна база на островот Диего Гарсија, далеку во Индискиот Океан, со интерконтинентална балистичка ракета, Нетанјаху им рече на новинарите дека тоа покажува дека Иран „има способност да нападне длабоко во Европа“.

Во врска со блокадата на Ормутскиот теснец од страна на Иран помеѓу Персискиот/Арапскиот Залив и Ормутскиот Залив, кој води до Индискиот Океан и подалеку во светот, Нетанјаху рече дека Иранците ги таргетираат сите и ја блокираат меѓународната поморска и енергетска рута, обидувајќи се да го уценуваат целиот свет.

„Време е лидерите на другите земји да ни се придружат“, рече тој.

Израелскиот премиер ги осуди неодамнешните ирански напади во близина на религиозните места во Ерусалим.

„Тие пукаа кон Ерусалим, веднаш до светите места на трите монотеистички религии: Ѕидот на плачот, Црквата на Светиот Гроб и џамијата Ал Акса. Чудесно, ниту едно од нив не беше погодено, но тие ги таргетираа светите места на трите главни религии“, рече Нетанјаху.

Кога беше прашан за одговорот на Израел на нападите врз израелските цивили, Нетанјаху одговори дека реагира со голема сила, но не и против цивили.

„Ние ги таргетираме режимот, Револуционерната гарда, таа криминална организација. Ги таргетираме лично, нивните лидери, нивните објекти и нивните економски ресурси. Дејствуваме со голема цврстина“, рече израелскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху повика на глобална коалиција против Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес повика на…

Артан Груби останува во домашен притвор

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во домашен…

Техеран започна бран нови напади на земјите…

Техеран започна нови напади врз земјите од…

Божиновска: Утре пак ќе се јавиме кај…

Министерката за енергетика и рударство, Сања Божиновска…

Вајдел од АФД на „СРАС“: Европа се…

Европа се наоѓа на крстопат на судбината.…