Нетанјаху свика итен состанок – тема е жестокиот одговор кон Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе одржи состанок на владата, ова го изјави неименуван израелски функционер за американската телевизија Си-Ен-Ен.
Состанокот на владата доаѓа во време кога израелските лидери размислуваат каков одговор треба да испратат по иранскиот ракетен напад врз нивната земја на 1 октомври.
Си-Ен-Ен потсетува дека поширокиот регион веќе е вклучен во конфликтот.
Израел ги засили воените операции во Појасот Газа, издавајќи наредби за евакуација и блокирајќи ја испораката на храна во сиромашната палестинска енклава.
Се вели дека тензиите продолжуваат на израелско-либанската граница, а десетици земји ги осудија нападите врз мировниците на Обединетите нации.
Поради израелски воздушни напади и копнена инвазија, четвртина од либанската територија е под наредба за евакуација, а вчера премиерот на таа земја повторно побара прекин на огнот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вашингтон Пост: Нетанјаху го штитеше Xамаc
Израелскиот премиер го запре секој обид за…
Нетанјаху: Израел ќе удри по Xамаc „со…
Премиерот рече дека ќе го одложи продолжувањето…
Нетанјаху: Продолжуваме да војуваме до целосна победа!
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати…
Лидерот на опозицијата во Израел му порача…
Премиерот мора да биде заменет со стабилна…
Нетанјаху: Израел води војна на „цивилизација против…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…