Низа сообраќајќи и хаос во делови од Македонија поради замрзнатите коловози
Замрзнати коловози поради наглиот пад на температурите предизвикаа серија сообраќајни незгоди во северозападниот дел на земјата. На автопатот Тетово – Гостивар се случи верижен судир во кој учествуваа 10 возила, информира Центарот за управување со кризи.
– Од ПС за ВПС – Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една на локалниот пат Пирок – Боговиње, една на патот Тетово – село Требош. За една од сообраќајните незгоди не е побаран увид. Од БПС – Гостивар се пријавени вкупно 15 сообраќајни незгоди, од кои на 10 е извршен увид од страна на увидна екипа, додека за пет не е побаран увид поради договор меѓу оштетените страни – појаснуваат од ЦУК.
Во регионот Тетово регистрирани се повеќе сообраќајки со материјална штета, додека во Гостивар се евидентирани 15 сообраќајни незгоди. Граѓаните масовно пријавувале замрзнати локални и споредни улици во Тетово, Гостивар и околните населени места.
– Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово стапи во контакт со надлежните лица од општините Тетово, Гостивар и Желино, од каде беше потврдено дека се ангажирани фирми за зимско одржување и дека на терен се врши посолување на патиштата по приоритети. Пријави беа примени од населбите Фазанерија и Циглана во Гостивар, како и од селата Долна Ѓоновица и Корита. Од тетовскиот регион пријави имаше од село Селце – под Шар Планина и од повеќе улици во градот Тетово. Во Тетово беше активиран Кризниот штаб и извршено е посолување на повеќе локални патишта – додаваат од ЦУК.
По пријава за замрзнат коловоз на локалниот пат Желино – Сириќино, ЈКП „Желино“ интервенирало и извршило посолување на критичните делници.
– Од „Македонија пат“ – секциите Тетово, Попова Шапка и Гостивар, информираа дека континуирано се на терен и вршат посолување на автопатите и регионалните патни правци под нивна надлежност. Поради снежни врнежи, на патниот правец Лисец – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема. По 22:30 часот не се примени нови пријави од граѓани – додаваат од ЦУК.
Надлежните служби интервенирале со посолување на патиштата, а поради снежни врнежи на правецот Лисец – Попова Шапка е воведена задолжителна зимска опрема. Од ЦУК апелираат возачите да бидат крајно внимателни и да ја прилагодат брзината на условите на патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слаб снег провејува, но патиштата остануваат проодни
Слаб снег провејува, но во моментов не…
Забрана за вршење дејност за сопственик на…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Договорот за изградба на железнички тунел со…
Собраниската комисија за надворешна политика и надворешна…
Коцевски: Поднесувам неотповиклива оставка – Постапката за…
Од почетокот тврдев дека евентуалнатга постапка за…
Македонија и формално влезе во преговори за…
Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна…