Објавено на:

Никола Ѓуретановиќ го освои последното место во квалификациите на 400 метри слободно

t

Денеска на Олимписките игри во Париз својот настап првиот од македонските спортисти, пливачот Никола Ѓуретановиќ во дисциплината 400 метри слободно.

Нашиот 16-годишен натпреварувач беше дел од квалификациската група 1 во која го освои последното петто место со време од 4:05.38 минути. Резултати ТУКА

Резултатот на Ѓуретановиќ е за три секунди послабо од неговото пријавено време на Игрите во Париз.

Најдобар во квалифациската група беше Мароканецот И. Ел Фалаки со време од 4:01.59 мин., следуваат Р. Ноел од Гвајана (4:02.29), А. Вега од Костарика (4:03.14) и Р.А.Б. Мохамед од Кенија (4:05.14).

Од останатите македонски спортисти свој настап ќе имаат и Дарио Ивановски (атлетика, 10 август маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил), Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка) која ќе настапи на 27 јули, Еди Шерифовски во џудо на 30 јули и таеквондистката Мила Рељиќ во периодот од 7-10 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…