Николовски го обвини Трипуновски дека доделил земјиште на ќерката на Стоилев
Поранешниот менистер за земјоделие, Љупчо Никовски, го обвини актуелниот министер за земјоделие, Цветан Трипуновски, дека е во блиски релации со уапсениот директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев, кој беше фатен како прима мито за обезбеди, фирмата на поранешниот министер за правда и локална самоуправа во владата на Љубчо Георгиевски, Џевдет Насуфи, да добие средства од ИПАРД 3 програмата иако не исполнувала услови за тоа.
Николовски во емисијата „Аргумент“, зборувајќи за сканадалот по кој беше суспендирана исплатата на средствата од ИПАРД 3 програмата вредна 128 милиони евра, рече дека Трипуновски минатата година на ќерката на Стоилев и доделил државно земјоделско земјиште, алудирајќи на блискоста на Трипуновски со Стоилев, повикувајќи институциите да го испитаат случајот по допрен глас.
Прв договор кој што го има склучено министрот Трипуновски, за земја, за доделување на земјодолско земјишто, на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министар, знаете со кого е? Со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој што денеска е во притвор – тоа е Ана Стоилева. Тоа е првиот договор кој што е потпишан помеѓу Цветан, како министер, за земјоделско земјиште, со кого, со директорот на Платежната агенција. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска, изјави Николовски.
Телма телевизија побара коментар од Трипуновски за обвинувањето дека доделил земјоделско земјиште на ќерката на Стоилев, при што тој во пишан одговор наведува дека за тоа кој ќе добие земјоделско земјиште одлучува Комисија, а не министерот.
Откако сум министер имам потпишано над 2.100 договори за околу 6.000 хектари земјоделско земјиште. И да го потсетам Николовски дека согласно Законот, распределбата на земјоделско земјиште ја врши комисија која работи и доставува одлука за избор до секторот каде се изработуваат договорите. Договорите се доставуваат на потпис без да знам кој е од другата страна потписник. Ако во негово време било пракса пред да склучува договори за распределба на земјоделско земјиште да се среќава со апликантите, јас тоа не го правам, гласи одговорот на Трипуновски за Телма телевизија.
Од опозициската СДСМ претходно го обвинија Трипуновски за поврзаност со скандалот околу ИПАРД 3, откако меѓу осомничените во случајот на примање мито од страна на Стоилев, ја посочија Јасмина Костадинова, поранешна посебна советничка на Трипуновски, денес вработена во Министерството за земјоделство за финансиски прашања во Управата за водостопанство.
По апсењето на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, државата донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД, за што од Министерството за финансии известија дека е направено за да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД 3 програмара.
За одлуката беше известена и Европската комисија која го поздрави потегот на суспензија, се додека не се разјаснат околностите околу случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николовски го обвини Трипуновски дека доделил земјиште…
Поранешниот менистер за земјоделие, Љупчо Никовски, го…
Хорор сцени во Крушево: 15-годишно девојче си…
Полицијата го расветли случајот што деновиве кружеше…
Го криел нападот на советникот од Виница:…
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ч.(43)…
ВРЕЌИ ПОЛНИ СО ПАРИ, ЗЛАТЕН ТОАЛЕТ, ТАЈНИ…
Сцени од раскошни станови во Киев, од…
УЛИЧНИ ПРОДАВАЧИ НА ХРАНА ВО ИСТАНБУЛ УАПСЕНИ…
Турските обвинители уапсија четири лица под сомнение…