Николоски: Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8
“Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8”, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
“Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание. Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме” -напиша Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба…
“Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и…
ЕК може да замрзне 1,6 милијарди евра…
Европската унија би можела да замрзне заеми…
Најитна кампања досега: Да и помогнеме на…
Платформата Еcrowd објави дека станува збор за…
Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на…
“Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и…
Автомобил удри 56-годишна жена на „Орце Николов“…
На 12 февруари 2026 година во 13:00…