Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ-Дака или негова компанија да гради енергетски објект во Македонија
Ниту Миодраг Давидовиќ -Дака, ниту било која негова компанија нема да гради во Македонија енергетски објетк. Јас лично во опозиција бев најголем критичар и прв ја отворив аферата со Шик Јелак во Тетово, така да сега имавме рано предупредување и го прифативме и нема да дозволиме да гради енергетски објект, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма, која ја објасни постапката за изработката на Годишниот план за изградба на енергетски објекти.
-Имено годишниот план е само иницијален план кој што ги утврдува стартните позиции. Има бројни чекори кои што треба да ги направи после тоа, дали е тоа урбанизација, дали е еколошката студија, дали е студијата за влијание врз социјалната средина и на крај усвојувањето кое што треба да го изврши Министерството за енергетика, кое што го потврдува Владата. Дури тогаш кога доаѓа фазата на областување, се бара банкарска гаранција во вредност од најмалку 25 илјади евра по мегават со цел да се гарантира дека ќе се реализира инвестицијата и тогаш се проверува потекло на капитал и сопственоста на компаниите. Но, работата на опозицијата е да предупредува, да критикува и ние го прифативме условно кажано во почетна во рана фаза. Ниту Миодраг Давидовиќ -Дака, ниту било која негова компанија или компанија поврзана со него ќе гради во Македонија. Најдобар доказ за тоа е она што го споменав претходно, јас стојам позади секој збор кој сум го кажал во опозиција. Во 2020 година јас прв ја отворив аферата и одлуката за Шик Јелак во Тетово. Тоа беше првиот зелен детален урбанистички план кој што се усвои после парламентарните избори во 2020 година. Тоа е всушност причината зашто Теута Арифи не замина за амбасадор во Вашингтон. Сега, условно кажано имавме рано предупредување и нашиот став е дека нема да дозволиме да се гради, нема да се гради енергетски објект или било каков објект кој што е поврзан со него или со компании поврзани со него, истакна вицепремиерот Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ-Дака или…
Ниту Миодраг Давидовиќ -Дака, ниту било која…
Иранскиот претседател со писмо до Американците
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати писмо до…
СДСМ обвинува дека Левица е контролирана опозиција:…
Покрај сите неуспешни обиди за внатрешно рушење…
Арагчи откри што бара Иран по војната
Арагчи откри што бара Иран по војната…
Стотици бензински пумпи во Франција останаа без…
Стотици француски бензински пумпи останаа без гориво,…