Ниското ниво на Дунав во Бугарија откри делови од древниот мост на римскиот император Константин I
Екстремно ниското ниво на водата на Дунав во Бугарија откри делови од темелите на древниот мост на римскиот император Константин I, од четвртиот век од н.е.
Ова им даде на бугарските археолози ретка можност да документираат едно од најимпресивните инженерски достигнувања на Римското Царство, објави денес регионалниот историски музеј во Плевен.
Претставникот на музејот во Плевен, Павел Попов, рече дека „за археолозите овие моменти се исклучително вредни, бидејќи природата накратко открива објект кој поголемиот дел од времето е скриен под Дунав“, објави Ројтерс.

„Ова ни дава ретка можност да го набљудуваме, документираме и проучуваме во неговата вистинска средина“, рече Попов.
На 5 јули 328 година од н.е., римскиот император Константин I лично го отвори и освети Константиновиот мост, кој беше најголемиот и најпознатиот камен мост на Дунав, и го поврзуваше древниот град Улпија Ескус во северна Бугарија со Сучидава во денешна Романија.
Со должина од 2,5 километри и ширина од 5,7 метри, тој бил најголемиот речен мост во античко време, но се користел само околу 27 години и бил уништен за време на варварската инвазија на Хуните во 355 година.
Во вторник, тим од музејот во Плевен извршил аерофотографирање и документирање на видливите остатоци од мостот, во близина на селото Гиген во северна Бугарија.
Истражувачите користеле дронови за да ги мапираат и фотографираат остатоците од мостот, кои се видливи поради ниското ниво на водата на Дунав.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ниското ниво на Дунав во Бугарија откри…
Екстремно ниското ниво на водата на Дунав…
Народниот правобранител отвори предмет за загадувањето на…
Народниот правобранител отвори предмет по сопственана иницијатива…
Зеленски ги разреши украинските амбасадори во Албанија,…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги разреши амбасадорите…
Трамп ги отфрли наводите за судир со…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Лондон го зголемува притисокот врз Кремљ, санкционира…
Велика Британија објави нов пакет санкции против…