Нови 42 случаи на грип во државава
Од 21 до 27 октомври во државава пријавени се 42 нови случаи на грип што е за 16 проценти помалку во споредба со претходната недела, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Заболени лица се регистрирани во Гостивар (13), Куманово (12), Тетово (осум), Неготино и Свети Николе по три и Скопје, Кавадарци и Струмица по едно лице. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани се 23 лица, 11 деца се возраст од пет до 14 години и осуммина на возраст над 65 години.
Заклучно со 43-тата недела пријавени се вкупно 148 случаи.
– Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО. Постарите лица – над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници, потенцираат од Институтот.
Закажувањето за бесплатни вакцини се одвива преку веб-страницата – вакцинација.мк.
Досега вакцинирани се вкупно 34.460 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во Маџир Маало
Вечерва се запали стара и напуштена куќа…
Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…
Американското Министерство за финансии објави дека кинески…
Силен земјотрес воТурција!
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…
Ристовски: До крајот на идното лето пет…
Скопје до крајот на идното лето ќе…
Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…