Објавено на:

Нови автобуси на водород ќе сообраќаат низ улиците на Рим

t

Рим во наредните години ќе добие 30 автобуси на водород, откако градското сообраќајно претпријатие АТАК потврди инвестиција во еколошки возила во рамки на повеќегодишниот план за развој на јавниот превоз.

Според ажурираниот Индустриски план за периодот 2025–2027 година и Стратешкиот оперативен план, АТАК предвидува вкупни инвестиции од 1,2 милијарди евра во следните десет години, од кои околу 420 милиони евра се планирани за 2026 година, пренесува „Roma Today“.

Најголемиот дел од инвестициите се однесува на обновување на возниот парк, вклучувајќи набавка на 962 нови автобуси, од кои 489 ќе бидат електрични, како и 40 нови трамваи и 43 нови возови за линиите на метрото А, Б/Б1 и Ц.

Со планот е потврдена и набавката на 30 автобуси на водород, како и адаптацијата на депото во Ачилија, кое ќе биде приспособено за нивното користење.

Проектот за воведување автобуси на водород започна уште во 2023 година, кога беше претставена идејата за пилот-фаза со набавка на 30 возила на водороден погон, како и проект вреден шест милиони евра за изградба на постројка за производство на водород во депото на АТАК во Ачилија.

Подоцна во проектот се вклучи и Универзитетот „Ла Сапиенца“, но реализацијата беше забавена.

Автобусите на водород, за разлика од електричните возила, имаат поголем досег и можат да поминуваат подолги релации, додека нивното полнење трае помалку од 20 минути.

Поради тоа, тие се сметаат за особено погодни за подолги градски и приградски линии, како што е рутата меѓу Остија и центарот на Рим.

Градските власти наведуваат дека автобусите на водород би можеле значително да придонесат за намалување на загадувањето, особено на подолгите линии каде што електричните автобуси имаат ограничувања поради автономијата.

Автобусите на водород користат технологија на горивни ќелии за производство на електрична енергија, при што единствениот нуспроизвод од нивната работа е водена пареа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови автобуси на водород ќе сообраќаат низ…

Рим во наредните години ќе добие 30…

Пановски: Постои масовна епидемија во Гостивар, дали…

Додека се чека на одлуката дали во…

Во ЕУ има 15,7 судии на 100…

Европската Унија во 2024 година имала 15,7…

Иран заработил околу шест милијарди долари од…

Иран извезол околу 70 милиони барели нафта,…

Путин доби закана од сопствената војска: „Ова…

Кон крајот на јуни, рускиот војник Александар…