Нови блокади и протести на граѓани поради одземени возила – МВР тврди дека презема мерки
Огнови, блокади и протести во повеќе градови низ државата поради конфискација на возила без возачка дозвола. Лица погодени од мерката за одземање возила без положен возачки испит протестираа во Штип, Кочани, Струмица, Прилеп, Битола и Ресен поради одземањето на нивните возила, согласно членот 297 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Во Штип група на граѓани запалија гуми на улица, по што интервенираше Противпожарната служба со цел да го изгасне огнот и да овозможи нормализирање на состојбата. Во Кочани, граѓаните се собраа во населбата Трајаново Трло. Во Битола пак беше блокиран магистралниот пат кон Ресен кај населбата Баир, по што протестот продолжи и денеска низ градските улици. Заедничкиот мотив на сите протести е незадоволството од одземените возила, кои, како што велат граѓаните, им биле основно средство за работа и извор на егзистенција за нивните семејства.
Нeмало нарушување на јавен ред и мир на синоќешните протести на граѓаните во повеќе градови во земјава, соопштија денеска од МВР за 24. Од таму не одговорија дали има повикани лица на информативен разговор по јавната закана за убиства и тепачки доколку им биде одземено возило, туку кратко посочија дека МВР во координација со Јавното обвинителство презема соодветни мерки и активности за понатамошно постапување.
Премиерот Христијан Мицкоски пак денеска информираше дека од полицијата побарал жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил јавниот ред и мир во текот на вчерашните блокади.
А, освен протестите и построгите сообраќајни правила на системот „Сејф сити“ исто така предизвикаа поделени реакции во јавноста. Додека некои ги поддржуваат овие строги мерки, други сметаат дека пристапот за возачка дозвола треба да се поедностави и да биде поефтин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови блокади и протести на граѓани поради…
Огнови, блокади и протести во повеќе градови…
Утре средба Влада – УПОЗ, Мицкоски: За…
Какофонијата во зголемување на платите во јавниот…
(Видео) Српскиот министер Селаковиќ пречекан пред судот…
Студенти и граѓани се собраа пред Специјалниот…
Аларм за егзистенцијално прашање за државата –…
Последните јавни контрадикции меѓу премиерот и неговите…
Занаетчиите се против минимална плата од 600…
Ако минималната плата се зголеми на 600…