Објавено на:

Нови детали за Србинот што се удави на Халкидики: скокнал во морето за да спаси непознат маж, доживеал срцев удар

t

Горан Комазец од Белград е човекот кој денеска се удави во Сарти, на Халкидики, а неговиот последен чин на овој свет беше чин на највисока човечност, храброст и несебичност, пишуваат српските медиуми.

Сè се случило за неколку секунди, кога 56-годишниот Горан кој уживал во сончевиот ден на брегот со сопругата и со малолетниот син, слушнал очаен повик за помош. Непознат маж бил одвлечен од брегот од силна морска струја.

Во моментот кога многумина биле скаменети гледајќи ја неговата борба со силните бранови, Горан истрчал кон брановите. Следејќи го, и неговиот малолетен син скокнал во водата.

Според неофицијални информации, откако одеднаш влегол во студената вода, срцето на Горан откажало. Се претпоставува дека доживеал срцев удар поради шок и напор.

Иако спасувачите и лекарите реагирале и набрзо го извлекле на брегот, а потоа итно го однесле во болница, белграѓанецот не можел да се спаси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали за Србинот што се удави…

Горан Комазец од Белград е човекот кој…

46-годишен маж се удавил во Дебарското Езеро

Маж на возраст од 46 години попладнево…

Запленети чадори и лежалки – полицијата на…

Општина Касандра, со помош на грчката полиција,…

Од топлотен бран до бури: Силно невреме…

Силното невреме што го погоди Солун во…

Трагедија: Македонски државјанин се удави во близина…

Доцна попладнево на плажата кај Каваја, во…