Нови правила за влез во ЕУ за дел од возачите од 1 јули

t

Новите правила за меѓународен патен транспорт во Европската Унија стапуваат на сила на 1 јули, со што се донесуваат значајни промени за сопствениците на комбиња и лесни камиони. Според новите прописи, сите лесни комерцијални возила и комбиња со максимална дозволена маса, заедно со приколката, помеѓу 2,5 и 3,5 тони, кои вршат меѓународен превоз на стока, ќе мора да бидат опремени со паметни тахографи од втора генерација (G2V2).

Овие уреди ги евидентираат граничните премини, местата каде што се товари и истоварува стока, како и активностите на возачот додека вози.

За кого важат новите правила

Новата обврска се однесува на лесни комерцијални возила кои учествуваат во меѓународен транспорт или каботажа, односно транспорт на стока во друга земја.

Досега, обврската за инсталирање на тахограф важеше главно за возила со тежина поголема од 3,5 тони, но европските правила, кои постепено се воведуваат од 2023 година, сега ги вклучуваат и помалите возила што учествуваат во меѓународен транспорт.

Кој е ослободен од обврската

Од примената на новите правила се ослободени лесни камиони до 3,5 тони кои се користат за транспорт на материјали до и од градилиштата, како и за работа на градилиштето.

Условот е тие да работат во радиус до 100 километри од нивната база.

Остануваат на сила исклучоците за транспорт на рачно изработени производи, како и за возила што се користат за некомерцијални цели, кога управувањето со возилото не е примарна активност на возачот.

Каде ќе се применуваат новите правила

Прописите ќе важат на територијата на Европската Унија, но и во Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Велика Британија.

Од друга страна, земјите кои се потписнички на договорот AETR, кој го регулира работното време на возачите во меѓународниот патен сообраќај, не се опфатени со оваа одредба.

Целта на новите правила е да се подобри контролата на меѓународниот транспорт, да се следи движењето на возилата и подобро да се применуваат прописите за работното време на професионалните возачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови правила за влез во ЕУ за…

Новите правила за меѓународен патен транспорт во…

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора…

Од петок, 26.06.2026 во 23:00 часот до…

Горештините се закана по јавното здравје и…

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…

Нова криза во односите во ЕУ? Си…

Бугарија би можела да стане првата земја-членка…

Златото падна на 112 евра за грам

Цената на златото денес забележа драматичен пад…