Објавено на:

Нови проблеми за Џани Инфантино – го обвинија и за уцена

t

Притисокот врз претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, станува се поголем.

По скандалот со неуспешниот обид дел од турнирите на ФИФА да им бидат понудени на приватни инвеститори, неговата позиција е сериозно разнишана, а се повеќе национални федерации ја повлекуваат поддршката.

Најновиот удар доаѓа од Азија.

Претседателот на Фудбалската федерација на Јордан, Принц Али бин Ал Хусеин, јавно го обвини Инфантино за уцена.

Со тоа Јордан стана првата азиска земја што отворено го доведе во прашање неговото лидерство.

-Не недостигаат проблеми поврзани со ФИФА. Ќе почнам со нашето прво учество на Светско првенство. Ние сме мала земја со ограничен буџет на федерацијата, а моравме да се справуваме со огромни предизвици – изјави принцот Али.

Тој посочи дека голем број јордански навивачи не успеале да добијат визи за САД и покрај тоа што поседувале билети, кои, според него, биле продавани по превисоки цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови проблеми за Џани Инфантино – го…

Притисокот врз претседателот на ФИФА, Џани Инфантино,…

Мароко подготвува хибридна операција во Сеута, го…

Дел од шпанските аналитичари сметаат дека масовниот…

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР…

Двајца косовски државјани уапсени во Скопје: Во…

Вчера во Скопје, од страна на полициски…

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и…

Франција од почетокот на сезоната регистрирала околу…