Нови студентски блокади во Носи Сад: Дел од студентите добивале закани!

t

Студентите од Нови Сад денеска организираат протест иако седницата на Собранието на Нови Сад е одложена. Тие се собраа во 10 часот на платото меѓу ФТН и Правниот факултет, а потоа маршираа до Шеталиштето ТЦ, каде од 10:20 до 11:52 часот ја блокираа крстосницата на булеварот Цар Лазар и булеварот Ослободување.

Студентите на Правниот факултет, но во Белград, претходниот ден одржаа протестен марш до Врховното јавно обвинителство, каде симболично ѝ предадоа 1.000 идентични писма на јавната обвинителка Загорка Доловац со порака „да почне да си ја врши работата“. Во протестниот марш им се придружија и студенти од другите факултети.

Студент на Хемиски факултет: На некои колеги им се јавиле дали се дома


„Неколку студенти доживеаја малтретирање за време на блокадите, не сме сигурни од чија страна. Тоа се некои непознати, скриени броеви кои повикуваат или испраќаат навредливи пораки и досиеја“, вели Јован Цветковиќ, студент на Хемискиот факултет. Тој нагласи дека студентите не сакаат да му придаваат преголема важност бидејќи целта на ваквите пораки, вели, е да ги заплашат студентите.

„Во неколку наврати колегите рекоа дека се чувствуваат небезбедно кога добиваат такви повици, во неколку наврати слушнавме дека некои колеги добивале повици дали се дома, дека некои пакети пристигнале иако не нарачал било што“, рече студентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данска го зголемува буџетот за одбрана на…

Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…

Бајден одобри пакет воена помош за Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…

Зеленски: Европа не може да ја спаси…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…