НОВИНАРОТ КОЈ И БАРАШЕ ПРЕВЕДУВАЧ НА ЈАНЕВСКА ТВРДИ ДЕКА ДОБИВАЛ ЗАКАНИ: „Драг премиере, добивам закани од македонски граѓани“

t

Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека со навредлив или заканувачки тон ѝ се обратил на министерката за образование и наука Весна Јаневска за време на неодамнешен настан во Тетово, кога ѝ упати забелешка дека треба да има преведувач.

Во објава на социјалните мрежи, адресирана до премиерот Христијан Мицкоски, Адеми посочува дека по настанот добива закани преку СМС-пораки од граѓани, за што, како што вели, одговорноста ја лоцира во јавниот наратив што се создава околу случајот.

Тој смета дека обвинувањата против него се обид да се сврти вниманието од суштината на проблемот – правото на користење на мајчиниот јазик.

– Неприфатливо е носител на јавна функција, избран и платен од граѓаните, да избегнува да комуницира на јазик разбирлив за сите. Моето барање е едноставно – почитување на албанскиот јазик како мој мајчин јазик – наведува Адеми.

Според него, наместо институциите да одговорат на ова прашање, се прави обид за негова дискредитација.

– Ова не е само неправедно, туку покажува и недостаток на волја за еднаквост и институционално почитување – додава Адеми.

Случајот доаѓа по реакциите во јавноста околу комуникацијата на настанот во Тетово и повторно ја отвора дебатата за употребата на јазиците во институциите.

Тој додава дека нема да замолчи пред неправдата и да се повлече од своето барање за еднакви права.

„Драг премиере, станувате причина за бројни закани од македонски граѓани што ги добивам преку СМС-пораки. Затоа, одговорноста паѓа на вас“ се вели во објавата на Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВИНАРОТ КОЈ И БАРАШЕ ПРЕВЕДУВАЧ НА ЈАНЕВСКА…

Новинарот Невриј Адеми ги отфрли обвинувањата дека…

Цените на нафтата надминаа 113 долари

Цените на нафтата денеска забележаа значителен пораст…

По остриот разговор со Нетанјаху, Венс ги…

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс се подготвува да…

Фингерпринтот ќе донесе само револт, предупредува Лазаров,…

Фингерпринтот ќе донесе само револт, предупредува Лазаров,…

Уапсен осомничениот убиец во Охрид

Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското…