Новиот евроамбасадор: Тешко дека ќе се прифати предлогот за одложена примена на уставните измени
Свесни сме за предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, но процесот на проширување е заснован на едногласност, а тоа значи дека има став на ЕУ од сите 27 земји-членки во овој поглед. Сметам дека тешко дека ќе биде прифатен, бидејќи, како што објаснив, има став на ЕУ од 27-те членки за ова прашање, изјави новиот евроамбасадор Михалис Рокас, во интервју за МИА, што е негово прво интервју откако стапи на новата должност во земјава минатиот месец.
-Дозволете ми да кажам дека, како што знаете, проширувањето е процес заснован на едногласност, ние сме сите свесни за овој предлог на Владата. Мое скромно мислење е дека тешко дека ќе биде прифатен, како што објаснив претходно има став на ЕУ од 27-те членки во овој поглед. Значи, се разбира, од суштинско значење е да се осигураме дека сме свесни за овој контекст. Одлуката за уставни измени е суверена одлука на Владата, и е многу важна, ние имаме огромна почит за тоа како Владата сака да продолжи понатаму и решенијата кои сака да ги постигне, но процесот е сосема јасен, и тој може да биде веднаш и може да се одвива многу брзо и она што можам да го повторам е целосната посветеност за пристапување кон ЕУ, што ја вклучува и Северна Македонија, потенцира Рокас.
Во однос на предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, да посредува во разговорите меѓу Скопје и Софија, евроамбасадорот Рокас вели дека не сака да коментира изјави и ставови на земји-членки.
Евроамбасадорот Рокас, во интервјуто за МИА говори и за реформите во правосудството, препораките на Оценската мисија, за Планот за раст на Западен Балкан, БРИКС и односите ЕУ-Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новиот евроамбасадор: Тешко дека ќе се прифати…
Свесни сме за предлогот на Владата за…
Носителите на српски пасоши од Косово од…
Носителите на српски пасоши од Косово издадени…
ЕУ официјално ги раздели Македонија и Албанија
Европската унија официјално ги раздели Македонија од…
ЕУ издвојува нови 35 милијарди евра за…
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска се…
Орбан: Поддршка за Бугарија за пристапување во…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја е…