Новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи во строга тајност бил префрлен во Москва?
Новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи во строга тајност бил префрлен во Москва, каде поради здравствената и безбедносната состојба бил сместен во болница, објави кувајтскиот портал Al‑Jarida.
Според висок извор близок до Хамнеи, тој бил пренесен со руски воен авион, а по пристигнувањето веднаш бил подложен на успешна операција и во моментов се лекува во приватна болница во рамките на една од претседателските палати.
Според истиот извор, повредите што ги добил при американско-израелското бомбардирање на 28 февруари барале лекување во врвно опремена болница и постојан медицински надзор. Такви услови, наводно, станало тешко да се обезбедат во Иран поради постојаните воздушни напади, особено откако Израел соопштил дека новиот ирански лидер е потенцијална цел.
Изворот додава дека иранските безбедносни служби стравувале дека неговата локација може да биде откриена преку следење на лекарите и специјалистите кои го лекуваат, поради што било прифатено лекувањето да се продолжи во Русија.
Според истиот извор, рускиот претседател Владимир Путин лично предложил Хамнеи да се лекува во Русија за време на телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан минатиот четврток. Иранските власти, вклучително и самиот Хамнеи, внимателно го разгледале предлогот и го прифатиле.
Бил префрлен во четврток вечерта, а за неговото лекување се грижат руски лекари со помош на неколку ирански колеги кои го придружувале.
Сомнежи за автентичноста на првиот говор
Во меѓувреме, извор близок до иранските реформски кругови изјавил за Al-Jarida дека постојат сериозни индиции дека првата порака што му се припишува на Хамнеи всушност ја напишал Али Лариџани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Според него, содржината на пораката е речиси идентична со некои претходни изјави на Лариџани.
Дополнителни сомнежи предизвикува фактот што Хамнеи не се појавил јавно, ниту пак постои аудио-снимка од негово обраќање.
Порталот Al-Jarida претходно објави дека Хамнеи бил ранет по левата страна од телото – од главата до петиците – од шрапнели кои паднале во негова близина при напад врз комплекс во Техеран каде се наоѓаат неговата резиденција и канцеларија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи во строга…
Новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи во строга…
(Видео) Иран за првпат користеше ракета со…
Денес е 16-тиот ден од војната меѓу…
Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина…
Мнозинството возрасни Унгарци се противат на пристапувањето…
Доларот расте на светските девизни пазари –…
Американскиот долар бележи раст на девизните пазари…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Трамп во интервју за NBC нагласи дека…