Новиот систем за влез во ЕУ може да ги уништи транспортерите, но и економијата. Што презема Владата?

t

Новиот систем за регистрација при влез и излез во земјите од Шенген зоната и во Европската унија, ЕЕС, е закана за опстанокот на транспортниот сектор во земјава, но и во сите земји од регионот на Западен Балкан, беше оценето денеска во Собранието, на седница посветена на пратенички прашања од опозицијата.

Уште повеќе, проблемот на кој што го имаат транспортетите ќе се прелее врз целата економија, бидејќи практично најголемиот дел од извозот и од увозт се извршува по копнен пат, што може да резултира не само со затворање на компании, туку и со последици врз секојденвниот живот на граѓаните. Оттука, како што беше посочено, потребно е Владата и сите надлежни институции да застанат зад барањата на транспортерите и да ги поддржат во нивните барања да не бидат третирани како туристи при влез во ЕУ и во Шенген зоната, туку како луѓе кои извршуваат деловни активности.

Со цел да го свртат вниманието на предизвиците со кои што се соочуваат, в понеделник, 26 овој месец, транспортерите од земјите од Западен Балкан ќе спроведат блокада за камионскиот транспорт на граничните премини кон земјите од Шенген зоната. Иако не беше прецизирано, во случајот со нашата земја, тоа значи дека „на удар“ ќе се најдат премините кон и од Грција и Бугарија. Блокади ќе се спроведат и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора…

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, од собраниската говорница порача дека тој и Владаат стојат зад барањата на транспортетите и целсоно ги поддржуваат. Притоа, тој укажа на повеќемесечните активности што Владата ги имала со Европската комисија, но кои до денес, за жал, не дале никакви резултатит. Ваквата политика на ЕУ, Николоски ја нарече „праволиниска“, како и дека ЕУ не е свесна за проблемот со ко што се соочуваат земјите од регионот. Според Николоски, проблемот на транспортерите е еден од трите најголеми предизвици за македонската економија, покрај карбон сертификатите и најавата за квоти за увоз на челик во ЕУ.

„Станува збор за навистина сериозен проблем, еден од топ три најсериозни пробелми со коишто македонската економија ги има и со кои што ќе се соочува во следниот период“, рече Николоски.

Тој посочи дека со воведувањето на електронска евиденција, системот ЕЕС на Европската унија, се заострува контролата во однос на престојот на граѓани кои што се од трети земји, во рамки на земјите од Шенген зоната.

„Ние за оваа работа дискутираме повеќе од една година со ЕУ. Мора да бидам отворен, слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со комесарот за транспорт, Апостолос Цицикостас и со генералната директорка за мобилност и транспорт при Европската комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи практично смрт за економиите во регионот, но исто така ќе значи и затворање на бројни странски инвестиции кои што функционираат во регионот, а кои што доаѓаат токму од земји членки на ЕУ“, рече Николоски.

Тој додаде дека формалниот одговор кој што пред некој ден го даде и портпаролот на ЕК, со којшто не се согласува, е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, односно дека и сегашните правила се дека еден патник може да остане до 90 дена во рамките на 180 дена во Шенген зоната и дека истото останува и сега.

„Формално тоа е точно, но практично не е, бидејќи превозниците не се туристи и не одат таму за туризам, ниту се луѓе кои што одат на посета кај роднини или пријатели, туку се луѓе кои што имаат работа. Тие не можат да извадат работни визи затоа што немаат еден работодавач во конкретна држава, земја членка Шенген зоната и затоа е невозможно да извадат работна виза, инаку сите би извадиле и не би имало проблем“, рече Николоски.

Тој посочи дека станува збор за луѓе кои што транзитираат низ поголем дел од земјите од Шенген зоната за да стигнат до крајна дестинација.

„Најчесто само транзитираат, затоа што партнер број два на Македонија е Велика Британија, а ако гледате поединечно како најголем извоз, токму оди кон Велика Британија, што значи дека најголем дел од превозниците само транзитираат низ земјите членки Шенген зоната за да стигнат до Велика Британија“, рече Николоски.

Тој додаде дека со воведувањето на ова правило се поставува прашање што ќе се случи ако на пример има незгода на пат, застој итн. И дали во тој случај (ако има пречекорување) ќе им се конфискува стоката, а возачите да бидат протерани.

„Сакам да кажам дека јас и Владата го поддржуваме револтот и протестот којшто ќе го направат превозниците во понеделник. Истото ќе се случи и од страна на превозниците на другите држави како што е Србија, Косово, Црна Гора, БиХ, ќе бидат блокирани премините кои што се кон Шенген земји, и мислам дека ова треба да се сфати како сериозно предупредување затоа што сега блокадата ќе трае неколку дена, но од април ќе е трајна ако не се решат овие работи“, рече Николоски.

Тој додаде дека вчера имал средба со здружението на транспортерите „Макамтранс“, разговарал и со претседателот на Комората на странски инвеститори во Македонија, а денес по седницата за пратенички прашања имаше состанок и со претседателот на Стоппанската комора, Бранко Азески, на истава тема.

„Се надевам дека заеднички притисок ќе даде резултат“, рече Николоски.

На вчерашната седница Владата го задолжила Министерството за надворешни работи и надворешна трговија повторно да се обрати до Европската унија со барање да се одложат правилата за превозниците.

„Се надевам дека овој проблем ќе се реши затоа што е огромен и затоа што претставува сериозен удар на економиите на Западен Балкан“, рече Николоски.

Проблемот што ги чека транспортерите го отвори пратеникот Митко Трајчулески кој рече дека ЕЕС системот за влез и за излез во и од ЕУ и Шенген зоната сериозно ќе влијае на нашата економија и на секојдневното живеење на граѓаните.

„Системот ЕЕС беше воспоставен да се контролира миграцијата, пред сѐ нелегалната миграција во земјите членки на ЕУ и земјите членки на Шенген зоната, но очигледно станува сериозен предизвик за функционирањето на нашите превозници поради тоа што со воведување на овој систем се ограничува бројот на работни денови кои нашите превозници може да ги поминат во рамки на Шенген зоната и на тој начин се прави самиот превоз да биде целосно економски неисплатлив односно нерентабилен“, вели Трајчулески.

Осврнувајќи се на најавениот протест на границите кон Шенген земјите, тој рече дека блокадата ќе започне од 26 јануари што ќе значи целосен прекин, односно колапс на системите односно синџирите за снабдување на нашата држава.

„Ние сме увозно зависна земја, а увозот претежно доаѓа преку копнен пат. На тој начин со прекинување, со колапс на синџирите за снабдување, ќе дојдеме во ситуација да имаме недостиг на прехранбени производи, недостиг на лекови во нашите аптеки, недостог на репроматеријали во нашите фабрики и компании што ќе значи сериозно погодување на нашата економија, но и на секојдневното живеење на граѓаните“, рече Трајчулески.

Во исто време, извозно ориентираните компании ќе имаат проблем да ги исполнат своите договори затоа што нема да можат да ги извезат, односно да ги испорачаат стоките до целните дестинации што може да вклучува раскинување на договори, губење на пазарите.

„Затоа, во овој период е многу важно затоа што и времето е кратко, не само превозниците сами да се организираат во регионот и преку своите канали и соодветни партнерски организации во рамки на ЕУ да ги покренуваат овие прашања да се решат, многу е важно Владата, односно сите ресорни министерства, Министерството за транспорт, МНР, Министерството за евроинтеграции, да се вклучат во изнаоѓање на решенија на овој проблем затоа што ќе имаме ситуација да имаме целосен колапс на нашата економија“, рече Трајчулески, прашувајќи која е стратегијата на Владата, кои чекори се преземени ако се воопшто преземени и која е прогнозата за решавање на ова прашање.

Тој не беше целосно задоволен од одговорто на Николоски, па праша дали Владата е свесна колкави штети може да се предизвикаат со сите овие активности имајќи предвид дека целокупниот увоз и извоз се поврзани со транспортот на стоки. Тој укажа дека транспортерите ќе имаат и друг проблем, односно немајќи ангажман, ќе одат и ќе бараат ангажман во земјите членки на ЕУ каде што има дефицит на овој профил на кадри.

„На тој начин ќе имаме дополнителен притисок и оштетување на транспортерите. Транспортерите се добро организирани и во рамки на државата и во рамки на регионот и во рамки на ЕУ, имаат одлична соработка, меѓутоа не треба да се остават сами. Државата со сите релевентни институции, заедно со другите држави од Западен Балкан треба да пристапат кон решавање на ова прашање“, порача Трајчулески.

Тој потсети дека за време на ковид пандемијата, со поддршка на Транспортната заедница беа воспоставени Зелени коридори кои обезбедија непречен проток на стоки и услуги во тој период и на тој начин спасија многу животи и овозможија економиите и граѓаните да може да функционираат нормално.

„Целта беше тие Зелени коридори да не останат такви, туку да продолжат кон земјите на ЕУ и земјите кои се дел од Шенген зоната. Денеска гледаме дека наместо тоа да се случува, тоа беше проект на ЕУ, имаме систем кој значително го ограничува работењето на транспортните компании“, рече Трајчулески, додавајќи дека транспортните работници не може да се сметаат за туристи, туку треба да имаат третман на мобилни или времени работници, затоа што тие влегуваат и излегуваат и извршуваат транспорт.

„Доколку ова прашање не се затвори целосно до 10 април, ние може да доживееме целосен колапс на нашата економија и силен удар врз секојдневното живеење на нашите граѓани“, предупреди Трајчулески.

Николоски одговори дека евентуалното затворање на дел од транспортните компании и нивно преселување со возачите во други држави на ЕУ е поедноставување на проблемот.

„Проблемот е подлабок, затоа што ова директно ќе влијае врз извозните компании. Вчера кога разговарав со претседателот на Комората на странски компании, самиот посочи дека кога нарачува камионски транспорт од Германија, каде што најчесто извезуваат, е најмалку три пати поскап отколку ако го нарачува од Македонија. Што значи, теориски ние и да го уништиме транспортниот сектор и бизнис во Македонија, тоа не само што ќе влијае на директните работни места коишто ќе се затворат, туку исто така ќе влијае и на компаниите затоа што транспортот е една основните ставки во нивното работење. Од ЕУ мислам дека не се свесни со каков проблем се соочуваме“, рече Николоски.

Инаку, во Македонија има над 2.500 превозници коишто имаат една од најдобрите флоти во Европа, според нејзиниот квалитет. Ова прашање е премногу важно не само за логистичкиот сектор, туку и за целата.

Што е системот ЕЕС

Системот ЕЕС (Entry/Exit System) — новиот дигитален систем за регистрирање на влезовите и излезите на трети државјани на границите на ЕУ и Шенген зоната — стана оперативен на 12 октомври 2025 година. Од тој датум, земјите-членки требаше да почнат постепено да го воведуваат системот на своите надворешни граници.

🔹 12 октомври 2025 – официјален почеток на работењето на ЕЕС, кога најмалку по еден граничен премин во секоја земја треба да почне да го регистрира системот.

🔹 Постепено воведување – ЕЕС ќе се воведува 6 месеци (од октомври 2025 до април 2026).

🔹 10 април 2026 – очекувана целосна имплементација на системот на сите надворешни гранични премини на Шенген зоната. Од оваа дата, системот треба да ја замени рачната практика на вметнување печати во пасоши за трети државјани и да се користи за сите записи за влез и излез.

📍 Овој систем се однесува на трети државјани (не-граѓани на ЕУ/ЕФТА) кои патуваат за кратки престои (до 90 дена во период од 180 дена). Граѓаните на ЕУ, резидентите и други изземени категории нема да го користат системот.

Поврзани содржини
Не се само камионџиите. Квотите на ЕУ се закана за македонските производители на челик
21/01/2026 17:01
ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо
21/01/2026 16:01
Мицкоски се сретна со сопственикот на „Фор-ај-џи“ (4iG), ќе инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор
21/01/2026 15:01
Сојузот на синдикати в среда организира протест за повисоки плати
21/01/2026 15:01
Стопиран договорот меѓу ЕУ и Меркосур – пораз на Урсула фон дер Лајен
21/01/2026 14:01
Просечната плата за ноември 2025 изнесува 45.961 денар
21/01/2026 12:01
Системот ЕЕС на ЕУ за влез и излез во Шенген зоната ги загрозува транспортерите
21/01/2026 12:01
Силиконската долина уште пред една година го сакала Гренланд како технолошки „град на слободата“
21/01/2026 10:01

Најчитани
Четири деца оставени во скијачки центар, агенцијата заминала без нив: Нивниот одговор е бизарен
20/01/2026 11:46
Ристо Никовски: Ние сме стратешки партнер на САД, но тие не се наш
15/01/2026 21:01
Ѓорѓиевски не бил изненаден од снегот! Ни граѓаните не беа – традиционално задоцнија на работа
21/01/2026 12:11
Бугарија се мобилизира по Кочани, Македонија не
19/01/2026 10:31
Сензација на Европското првенство: Српските ракометари ја победија фаворизираната Германија
17/01/2026 22:23
Едно женско меѓу 100 мажи пријавено за светиот крст за Водици во Прилеп
16/01/2026 17:44

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот систем за влез во ЕУ може…

Новиот систем за регистрација при влез и…

По Еди Рама, Трамп ја покани косовската…

„Длабоко сум почестена од личната покана на…

Трамп: Лоша е ситуацијата, но нема да…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Владимир Панчевски во трка за Државен јавен…

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1,…

Трамп во Давос: Да не бевме ние,…

Во својот говор на Светскиот економски форум,…