Ново задолжување: Професорот Трајковски вели, „Сечеш уши – крпиш дупе“.

t

Министерството за финансии ќе изврши аукција на 12-месечни државни записи (DZ2025/22-364) на ден 23.12.2025 година за да прибере пари со кои треба да се раздолжи за минатогодишните државни заиси DZ2025/19-364, коишто достасуваат за исплата на ден 24.12.2025 година.

На сличен начин се задолжија и на 9.12.2025 за да се раздолжат за записите што достасаа на 10.12.2025 година. Ова го забележувам од година во година, бидејќи не можам да ги добијам парите од претходните записи за веднаш да купам нови, туку морам да чекам две недели до следната аукција. Со наши пари државата ни ги враќа долговите бидејќи поинаку не може. Понекогаш ова ми изгледа како собирање ситни парички пред парен валјак. Прашање на време е кога валјакот ќе не прегази.

Така државата прави со сите записи, обврзници и заеми. Индикативен е примерот со унгарскиот заем од 500 милиони евра, земен во октомври 2024 година, со кој беше отплатен друг заем што достаса во март 2025 година.

Србите за ова велат: „Сечеш уши – крпиш дупе“.

Земаат заеми кратко време пред достасувањето на претходните обврски, односно постојано вршат рефинансирање на стар долг од едноставна причина што немаат пари нормално да се раздолжат од буџетот. Немаат пари, пак, затоа што се во постојан буџетски дефицит заради недомаќинско трошење. Значи, немаат пари за идни трошења, ама немаат пари ни за отплата на претходните обврски, поради што мораат постојано сé повеќе да се задолжуваат.

Сé поголемиот долг пак значи сé поголема годишна камата. Минатата година се платени камати од 289 милиони евра, а годинава поради зголемениот долг (минатата година јавниот долг е зголемен за 1,1 милијарда евра) каматата ќе изнесува најмалку 310 милиони евра, што изнесува речиси половина од буџетскиот дефицит, односно 2% од нашиот БДП.

Со други зборови, речиси половина од новиот долг што го додаваме на претходниот се троши само за плаќање на каматите, а со другата половина се покриваат тековни трошоци, најчесто непродуктивни.

Критично ќе стане кога целиот буџетски дефицит (моментално околу 650-700 милиони евра, односно 4%-4,5% од БДП) ќе се троши за плаќање на камати, без простор за покривање ниту на тековните трошоци.

Иако не сме стигнале дотаму, сепак без ново задолжување државата не би можела ни сега да функционира, однсосно ние се наоѓаме во еден вид одложен банкрот. Банкротот ќе стане видлив кога ќе исчезнат купувачите на нов долг, односно кога повеќе нема да има кој да и позајмува пари на државата.

Нека престанат да нé замајуваат со тоа што долгот не растел како процент од БДП. Расте и тоа како, но дури и кога не би растел, станува сé потешко да се најдат нови заемодавачи за рефинансирање на стариот долг.

Во таква ситуација била доведена и така пропаднала османлиската империја, а не од бомби и топови. Нивното задолжување започнало во 1850 година. По пропаста на империјата долговите ги наследила модерна Турција водена од Мустафа Кемал Ататурк и одвај се раздолжиле за стариот долг дури во 1954 година, после повеќе од еден век. Останале историски записи низ какви понижувања и штедење морала да помине османска Турција пред британските и германските кредитори поради непромисленото задолжување на султаните за разни палати, оружје и железнички пруги.
———–
Прилог: календар на аукции на државни записи и обврзници за 2025 година https://portal.mdt.gov.mk/post…/kalendar-dhv-file-wpFz.pdf

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново задолжување: Професорот Трајковски вели, „Сечеш уши…

Министерството за финансии ќе изврши аукција на…

(Фото) Надвор е отров , ама Битола…

Надвор е отров , ама Битола има…

(Фото) Дафина (комшивката) и „ген-секот“ Сајковски од…

Дафина (комшивката) и „ген-секот“ Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ,…

„Скопје под цемент“: ЗХГ бара „Усје“ да…

Додека зимската инверзија го притиска Скопје како…

Велика Британија со драстично намалување на буџетот…

За 40 проценти Велика Британија ги намалува…