НСДП: Само техничка влада со присуство на опозицијата може да обезбеди институционален баланс
Техничката влада мора да остане, затоа што претставува единствена институционална гаранција за спроведување на чесни, фер и демократски избори. Во услови на сериозно нарушена институционална рамнотежа, таа е последната линија на одбрана на слободната волја на граѓаните и на демократскиот изборен процес. НСДП смета дека укинување на техничката влада може да се разгледува само во услови на зрело демократско општество со силни, независни и департизирани институции. За жал, такви услови денес не постојат. Актуелната власт воспостави агресивна политичка контрола врз клучните државни институции и ги користи за теснопартиски и политички цели, соопштија денеска од опозициската партија.
Велат „Техничката влада е од особена важност и како механизам за заштита од злоупотреби во областа на социјалните и работничките права. Во изборни периоди се вршат притисоци и манипулации со исплатата на социјалните надоместоци, се условуваат ранливи категории граѓани и се користат социјалните политики како средство за политичка уцена. Присуството на опозицијата во техничката влада е неопходно за спречување на овие појави“.
„Дополнително, техничката влада е клучна за да се запрат партиските вработувања, притисоците врз јавната администрација за време на избори и злоупотребата на државните ресурси, како и манипулациите со исплатата на субвенциите на земјоделците, како и контрола на финансиските исплати и давањето финансиските согласности или задолжувања на државата во функција на изборна кампања. Во исто време, загрижувачки се обидите за воспоставување партиска контрола врз судството и обвинителството, преку политички притисоци, институционални блокади и законски измени кои ја поткопуваат нивната независност и служат за заштита на криминалот и корупцијата“ е ставот на НСДП.
Од партијата предупредуваат и на „опасноста од партизација и злоупотреба на полицијата, како и на ограничување на слободата на говорот и политичкото дејствување на опозицијата. Во вакви услови, секој обид за укинување на техничката влада не е само неодговорен, туку и опасен по демократските процеси во државата“.
„Само техничка влада со присуство на опозицијата може да обезбеди институционален баланс, транспарентност и фер изборен циклус, како и реална контрола врз можните злоупотреби на државната моќ“ велат од НСДП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НСДП: Само техничка влада со присуство на…
Техничката влада мора да остане, затоа што…
Мицкоски: Водиме политика која подразбира брак и…
Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика,…
Два тона портокали, тон и пол компири…
На веб-страницата за јавни набавки се објавени…
Апасиев: 24 министри во Влада, тежат 4…
„Од рубриката "Ајде за убави работи да…
Пратениците денес ќе избираат нови министри
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница,…