Обвинение за мажот и жената кои помогнаа да избега возачот што прегази жена во Капиштец

t

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за – Помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода.

Со автомобил „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ.

Јавниот обвинител, со обвинението, поднесе и предлог за продолжување на претходно определените мерки од судот – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот за сообраќајната несреќа со смртни последици се уште е недостапен на органите на прогонот и по него трагаат полициските органи врз основа на издадената наредба за меѓународна потерница од ОЈО Скопје.

Во исто време, обвинителството презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица во овој настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за мажот и жената кои помогнаа…

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против…

Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко…

Синоќа во полицијата било пријавено дека на…

ОЈО поведе постапка против 20 лица кои…

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО…

Малолетник со „голф“ прегазил пешак во Чаир

МВР информира дека доцна синоќа околу 22:30…

ОЈО почна постапка за оштетување на влезната…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…