Обвинителката уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев

t

Одбраната на ексдиректорот на Царина Стефан Богоев има поднесено жалба на одлуката за притвор, но обвинителството се уште нема дадено мислење, велат од Кривичниот суд.

„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител сеуште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање“, соопштија од судот.

Од кривичниот суд не откриваат повеќе детали, дали во жалбата се нуди 60 илјади евра за да тој се брани од слобода, како и дали имало и контра аргументи за основите за кои Богоев доби притвор – опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Во средата, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица, меѓу кои и Стефан Богоев, а за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание.

Според ОЈО ГОКК, во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари.

Според обезбедените докази, првоосомничениот, користејќи ја својата службена положба и влијание како директор на Царинската управа, влијаел врз спроведувањето на тендерската постапка во корист на избраниот понудувач, додека второосомничениот, во својство на помошник директор, влијаел врз други економски оператори да не учествуваат во завршната фаза од постапката.

Во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание, при што првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба и реално влијание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката уште нема одговорено по жалбата за…

Одбраната на ексдиректорот на Царина Стефан Богоев…

Охрид добива две нови авиолинии од Полска…

Македонија добива две нови авиолинии кои ќе…

(Видео) Властите во Куба делат Калашникови на…

Властите во Хавана почнаа да делат оружје…

(Видео) Украинските сили во мај вратиле повеќе…

Во мај 2026 година, украинските одбранбени сили…

Руски дрон погоди складиште за нуклеарно гориво…

Руски дрон погоди објект за складирање на…