Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување за Македонката која со автомобил усмрти куче
Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука за задржување до 72 часа на државјанка на Македонија со иницијали С.С., која се сомничи за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
Според информациите од обвинителството, инцидентот се случил во близина на Булеварот „Теута“, каде што осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, прегазила домашно куче од расата шарпланинец. Животното, кое било во сопственост на локален жител, угинало како последица на повредите.
Обвинителството информира дека истрагата продолжува, а надлежните органи работат на целосно утврдување на сите околности поврзани со настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството во Црна Гора одреди 72-часовно задржување…
Основното државно обвинителство во Улцињ донесе одлука…
(Видео) Драматични снимки од околината на Мадрид:…
Драматични снимки направени во петокот во град…
ПРЕСВРТ во случајот со уапсената Македонка која…
Случајот што ја потресе јавноста предизвика лавина…
ЦУК: Три активни пожари на отворено –…
Три активни, еден под контрола и осум…
Велешанец ја нападнал и повредил мајка си,…
На 25.07.2026 во 00:10 часот, полициски службеници…