Објавено на:

Обвинителството на БиХ работи на акција за апсење на Додик, Стевандиќ и Вишковиќ

t

Обвинителството на Босна и Херцеговина формираше тим кој разработува активности за апсење на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ.

Судот на БиХ по нив распиша централна потерница откако не одговориле на повикот да бидат сослушани како осомничени во истрагата за „напад на уставниот поредок на БиХ“.

Сараевскиот портал „Рапорт“ јави дека тимот го сочинуваат членови на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА), Граничната полиција на БиХ и Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОБА) и дека тимот веќе двапати се сретнал.

Тој тим, се додава, прво има задача да ги расветли сите околности поврзани со преминувањето на границата на Додик откако по него е распишана централна потерница, како и „до крај да дефинира кој, како и кога да се приведат Додик и другите осомничени за нападот врз уставниот поредок на БиХ по потерница на Судот на БиХ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…

Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…

Утре е Ден на жалост во БиХ

Владата на округот Брчко на Босна и…

ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…

Согласно барањето за помош што Владата на…

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…

Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…

Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…