Обвинувања за Антикорупциска- оттаму негираат судир на интереси и местење на предмети бидејќи софтверот бира кој член на кој функционер ќе му бара корупција

t

Левица со сериозни обвинувања за Антикорупциската за судир на интереси и „заглавување“ на предмети за актуелни функционери- ДКСК негира и демантира и велат обид за дефокусирање од работата на комисијата со полн капацитет.

Антикорупционерите добија нов низок удар и сериозни обвинувања за судир на интереси и заштита на актуелни функционери од антикорупциска проверка. Ги обвини партијата Левица која тврди дека добила пријава за незаконско функционирање преку ангажман на лице во архивата блиско на членот на комисијата Цвета Ристовска.

-Според пријавата, станува збор за воспоставена мрежа на контрола врз текот и исходот на предметите, врз документацијата и внатрешното функционирање на ДКСК – мрежа која служи на интересите на владејачката структура предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Преку овој механизам, ангажираната Наќева ја алармирала членката Цвета Ристовска по што таа ги известувала предметните лица, селектирала предмети, ја забавувале или „заглавувале” постапката – зависно од тоа дали се однесуваат на луѓе блиски до власта, изјави Милица Давчева од Левица.

Антикорупциската ги негираше тврдењата, местење на предмети не е возможно и е регулирано со деловник, а предметите се распределуваат софтверски и по случаен избор, по модел набавен со странска помош.

-Не се работи за никакво влијание врз распределбата, ниту пак тоа е можно да се оствари во пракса, имајќи предвид дека предметите се доделуваат по случаен избор преку електронскиот ДМС-систем. Ниту еден член на Комисијата, ниту претседателот, ниту вработените во секретаријатот не можат да влијаат врз тоа кому ќе му биде распределен предмет, изјави претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ.

Во врска со наводите за ангажманот на Татјана Наќева, Чучуљ потврди дека лицето било ангажирано, но нагласи дека причините биле исклучиво технички – поради обемна, несредена архива со предмети.

Спомнатата членка на ДКСК, Ристовска, на брифинг со новинари не сакаше да коментира дали се познава со спомнатата хонорарка во Антикорупциска, а претседателот на ДКСК Чучуљ рече ангажираната е по договор на дело до 29-ти јануари и веќе си нашла друга работа во друга државна институција.

Чучуљ посочи дека не се точни партиските наводи затоа што има предмети за актуелни функционери кои се работат.

-Ние во моментот работиме предмети само за актуелните функционери. Во наредниот период ќе се фокусираме на имотната состојба на актуелни функционери од највисоките институции – министри, јавни обвинители, судии, пратеници и градоначалници, изјави Чучуљ.

Членовите на ДКСК, на брифингот псоочија дека станува збор за клеветнички наводи за сериозни кривични дела кои не се точни, а тој што ги објавува ако смета дека има кривично дело треба да пријави на надлежните истражни органи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинувања за Антикорупциска- оттаму негираат судир на…

Левица со сериозни обвинувања за Антикорупциската за…

Бомба на Ахмети: Со Мицкоски уште пред…

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во вечерашното…

Вицепремиерот Александар Николоски ја обвини ЕУ за…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека…

Зазиданите евра не биле од лозјата туку…

Одбраната на судијата Ѓоко Ристов ќе докажува…