Обвинувања за тортура врз студентка во Белград: Била удирана, врзувана и непристојно допирана во автомобил
Студентите што го блокираат Земјоделскиот факултет на Универзитетот во Белград објавија на 14 октомври дека нивната колешка „доживеала физичка и психолошка тортура во полициската станица“
.„И беше даден документ со непозната содржина и ѝ се заканија ако не го потпише. Кога таа одби, следеше физичка и психолошка тортура“, објавија студентите на социјалната мрежа Инстаграм.
„Студенти во Блокада“ е самоорганизирана група што произлезе од прекинот на наставата на универзитетите низ Србија и граѓанските протести со кои се бара одговорност од властите за физичките напади врз студентите минатиот декември и смртта на 16 лица на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Блокадите беа иницирани во ноември од студентите на Белградскиот факултет за драмски уметности (ФДУ) откако беа претепани од партиски функционери за време на комеморацијата за жртвите на улица.
Организацијата во вторник објави дека студентка на Земјоделскиот факултет била „однесена во полициската станица на разговор со две униформирани лица и едно во цивилна облека“.
„Униформиран полицаец и ја удрил главата од маса со сета сила, при што и ја скршил аркадата. Потоа била удрена во колкот со пиштол. Потоа нејзината рака била врзана за радијатор, а другата била оставена слободна за да може да потпише документ – што таа повторно одбила да го стори“, се вели во соопштението на Студентите што го блокираат Земјоделскиот факултет во Белград, пренесува Радо Слободна Европа.
Организацијата објави дека на приведената студентка не ѝ било дозволено да повика адвокат, дека била ослободена по некое време и дека била повторно нападната вечерта.
„На главата ѝ беше ставена црна кеса и насилно беше фрлена во автомобил. Непознати лица и удираа шамари, ја удираа, и ја кинеа облеката и ја допираа несоодветно во автомобилот. Тие бараа информации од неа во врска со блокадите и протестите. Ѝ се закануваа“, објавија Студентите во Блокадата на Земјоделскиот факултет.
Во соопштение за случајот, студентите во Блокадата го објавија медицинскиот извештај од прегледот на студентката и фотографии за кои тврдат дека ги покажуваат повредите што ги здобила.
„Бараме одговор на прашањето кој го сторил ова. Бараме виновните да одговараат“, објавија студентите во Блокадата на 14 октомври.
https://www.instagram.com/p/DPyadC5jAFQ/?utm_source=ig_web_copy_link
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинувања за тортура врз студентка во Белград:…
Студентите што го блокираат Земјоделскиот факултет на…
Сијарто: Не се откажуваме од руската нафта…
Унгарија не може и нема да се…
Урсула фон дер Лајен во Белград: Ставот…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
САД ги поништуваат визите на странските државјани…
Визи се укинати за државјани на Германија,…
Да се ограничи мандатот на јавниот обвинител…
Предложените закони за Јавното обвинителство и за…