Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47 литри дожд
Денешниот ден (недела 26 октомври) во нашата Република Македонија помина во знакот на променливо и врнежливо време на повеќе места во нашата Македонија. Најмногу дожд до 16 часот попладнево наврна на Попова Шапка и тоа 47 литри дожд на метар квадратен.
Од градовите пак најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 28 литри на метар квадратен до 16 часот попладнево. Токму ова количество на врнежи е измерено на мерните станици на УХМР.
Ноќва и утре (понеделник 27 октомври) во претпладневните часови продолжуваат обилните врнежи и тие најобилни ќе бидат во западните предели каде локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на силно невреме со силен ветер (до околу 90 км/час) и со појава на грмежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обилни врнежи во Македонија, досега наврнаа 47…
Денешниот ден (недела 26 октомври) во нашата…
Мицкоски: Не сум за предвремени избори, но…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…
(Видео) Jакимовски најави револуционерна мерка: Со 2…
Граѓаните добиваат збор – и буџет! Од…
Советник на Касами со навреди кон Македоцните…
Кампањата за Тетово секој ден станува сè…
Братот на повреденото момче од Струга: Ова…
Ова е Цветко Василески од Ташмаруништа, кој…