Обоена со сина боја зградата на МВР во чест на загинатите полициски службеници

t

Денес на 7 март, светот ќе им оддаде почит на полициските службеници кои ги загубиле животите при извршување на службената должност, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на загинатите полициски службеници (RFO) од страна на INTERPOL.

Илјадници полициски службеници ширум светот секоја година ги губат своите животи при извршување на своите должности, што ги нагласува ризиците со кои секојдневно се соочуваат припадниците на органите на прогонот.

Овогодишното одбележување ќе биде обележано со впечатлива глобална почит. Во самрак на 7 март, земјите членки на INTERPOL се повикани да ги осветлат полициските седишта, локалните станици и некои од најпрепознатливите светски знаменитости во сино.

Од мостови и споменици до меморијали и локалитети под заштита на UNESCO, градските хоризонти ќе се претворат во симболи на единство и сеќавање, додека одбележувањето ќе се пренесува низ различни временски зони.

Исто така вечерва, една од зградите на министерството за внатрешни работи беше обоена во сина боја како знак на почит на македонските и сите полициски службеници кои го загубиле животот извршувајќи ја својата должност.

Дополнителните активности по повод овој ден вклучуваат спуштање на знамињата на половина копје, носење сини ленти, полициски комеморативни служби и моменти на молк, додека заедниците и институциите им оддаваат почит.

По тој повод денеска Секторот за меѓународна полициска соработка на Бирото за јавна безбедност при МВР, во придружба на полицискиот аташе на Република Словенија, спроведе меморијален марш од кругот на министерството на внатрешни работи до врвот на Водно, носејќи го споменот на полициските херои кои не се веќе со нас.

Овој ден кој се одбележува секоја година, ги обединува полициските служби, службениците, семејствата и заедниците од различни континенти и временски зони во заеднички момент на размислување, солидарност и почит кон жените и мажите во полициската служба кои ги загубиле своите животи штитејќи ги своите заедници и владеењето на правото.

Во наредните недели, INTERPOL ќе споделува фотографии и приказни од целиот свет, додека глобалните одбележувања на 7 март ќе се одвиваат, како и размислувања од полициски службеници ширум светот за тоа што за нив значи полициската служба, објавени преку социјалните мрежи на INTERPOL, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обоена со сина боја зградата на МВР…

Денес на 7 март, светот ќе им…

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…

Скандал во МВР: Главен пилот фалсификувал дозвола…

Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи…

МВР: 19.066 регистрирани од „Безбеден град“ во…

Во текот на февруари констатирани се 19.066…

БТА: Белгија планира да испрати затвореници во…

Белгиските власти го прошируваат списокот на земји…