„Ова не е обична трагедија од пожар, туку од потписи без контрола“ – порачаа од „Маршот за ангелите“ во Виница
Денеска и Виница маршираше за 63-те трагично загинати во кочанската дискотека. Маршот започна од плоштадот „Ангел Винички“ каде граѓаните чекореа низ градот испраќајќи порака за поддршка на семејствата на жртвите на досега најголемата трагедија во Македонија.
Тие испратија порака дека одговорноста за трагедијата не смее да остане само симболична.
„И Виница денеска ќе маршира, не од политика, не од омраза, туку од болка, совест и потреба вистината и одговорноста конечно да добијат име и лице. Иако институциите упорно ја туркаат приказната дека клучната причина била јаглерод моноксидот, останува фактот дека кај најмалку 21 жртва е утврдено присуство на водороден цијанид над граничните вредности. Но, очигледно за некој 21 човечки живот се статистика што одговара на наративот, па затоа денеска слушаме спинови дека кај поголемиот дел не бил пронајден цијанид. Факт е дека цијанидот е екстремно токсичен гас кој во услови на пожар, може драматично да ја забрза смртта, особено при висока температура, чад и недостаток на кислород, изјави Тања Коцева.
Таа праша дали без присуство на цијанид постоела реална можност дел од нив да преживеат или да имаат повеќе време за евакуација и спасување. Според Коцева, одговорноста не смее да запре само кај сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, туку како што рече, „токму тука започнува и прашањето за директната одговорност на институциите што не вршеле контроли.
Коцева праша каде биле инспекторите на ДЗС, градежните инспектори и инспекторите од ДПИ кои требало да утврдат дали објектот воопшто ги исполнува условите за работа.
„Како е можно никој од нив да не констатира дека со години во затворен јавен објект има полиуретанскиот сунѓер кој што испушта смртносен цијанид при пожар? Денеска сите си ги набројува обврските кои што требал да ги исполни. Како е можно во оваа држава, секој знае што не направил, ама никој не чувствува одговорност за последиците? Како сите чекале некој друг да им каже да спасуваат животи?“ праша таа.
Коцева нагласи дека кочанската трагедија не е само трагедија од пожар, туку „од институционално непостапување, од потписи без контрола“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ова не е обична трагедија од пожар,…
Денеска и Виница маршираше за 63-те трагично…
(Фото) Се запали автобус на автопатот Велес-Скопје
Автобус со прилепски регистарски ознаки се запалил…
Сведоци: Деко ги принудувал вработените да кријат…
Во судската постапка за трагичниот пожар во…
Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна…
Марш за ангелите во Кочани: „Наместо одговорност,…
Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката…