Огласи за пет вработувања во Собранието, платите до 63.000 денари
Отворени се огласи за пет работни места во Собранието на Република Македонија. Сите позиции се за полно работно време и вработување на неопределено време, а предвидените плати се движат од околу 35.000 до околу 63.000 денари, зависно од работното место.
Меѓу огласите е позицијата Помлад соработник за тековни активности во Одделението за тековни активности на претседателот на Собранието, во рамки на Кабинетот на претседателот на Собранието. Се бара и Помошник раководител на сектор за протоколарни работи, позиција за која е предвидена и највисоката плата од петте активни огласи, околу 63.000 денари. Во рамки на Парламентарниот институт е отворено работното место Раководител на Одделението за статистика и библиотека, во Секторот за едукација, комуникација, статистика и библиотека. Огласено е и работното место Соработник за сметководствени работи во Одделението за сметководство и плаќање, во Секторот за финансиски прашања. Петтата позиција е Самостоен референт, видео миксер/монтажер, во Одделението за реализација на програма, во рамки на Секторот за поддршка на Советот на собранискиот канал.
Заинтересираните кандидати можат да ги проверат деталите на веб страницата на Агенцијата за администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…
По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…
Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…
Собранието ја изгласа потребата за носењето на…
Собранието со 59 гласа „за“, три гласа…