Од 1 јануари, повисок минималец за српските работници
Од 1 јануари, според одлуката на Социјално-економскиот совет, минималната плата во Србија е зголемена за 13,7 отсто, а минималната саатница од 271 на 308 динари. Минималната плата во 2025 година ќе биде во опсег од 49.280 динари за 160 работни часа до 56.672 динари за 184 работни часа. Социјално-економскиот совет за прв пат по шест години постигна договор меѓу сите три социјални партнери, Владата на Србија, репрезентативни синдикати и Сојузот на српските работодавачи, за минималната плата за 2025 година, што значи дека Владата не донесе еднострано одлука, како што, според законот правеше претходните години.
Минималната плата е пропишана минимална цена на трудот помножена со бројот на работни часови во месецот и не вклучува топол оброк, регрес за годишен одмор, минат труд, прекувремена работа, ноќен труд и работа за време на државни празници. Според официјалните податоци, во Србија минимална плата добиваат околу 100.000 работници, додека синдикатите тврдат дека многу повеќе вработени заработуваат толку месечно, информира Нова.рс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1 јануари, повисок минималец за српските…
Од 1 јануари, според одлуката на Социјално-економскиот…
Украинците во Полска добиле лажни покани за…
Канцеларијата за странци во Варшава денеска соопшти…
,,Дојдете во Вевчани на 13 и 14…
Градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски денес…
Зеќири ја отслужи затворската казна: Трпение, се…
На затворска казна од 2,5 години беше…
27-годишна кратовчанка паднала од зграда во Скопје…
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека…