Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Од 17:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин за секаков тип на возила, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Мицкоски: Владини политики за раст на економија…
Изминатава година и 2024, тие два квартали…
Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Премиерот Мицкоски ќе побара лидерска средба за…
Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот…
На Божиќ се роди Миха – првото…
На Божиќ, 7 јануари, во раните утрински…