Од ЕУ повикуваат на кредибилна и транспарентна истрага во Србија за случајот „звучен топ“
Европската Унија повикува на транспарентна и веродостојна истрага за наводите дека против демонстранти за време на протестот на 15 март лани во Белград било употребено звучно оружје, изјави портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие. Реагирајќи на тековната постапка во врска со наводната употреба на звучно оружје за време на протестот на 15 март минатата година, Гијом Мерсие рече дека „ЕУ внимателно ја следи ситуацијата и го повторува својот повик за веродостојна и транспарентна истрага“, јави РТС.
Портпаролот на ЕК потсети дека во април 2025 година, Европскиот суд за човекови права ѝ наложи на Србија да преземе привремени мерки со кои се бара од властите да спречат каква било идна употреба на звучни уреди за контрола на толпа, како и да обезбедат лицата што учествуваат во јавна дебата за наводната употреба на такво оружје да не бидат гонети.
Како што додаде, Европската комисија очекува дека секоја истрага ќе биде спроведена во целосна согласност со законот, без политички притисок или влијание, и дека ќе бидат почитувани основните права на сите граѓани, вклучително и слободата на собирање и слободата на изразување.
Мерсие додаде дека европските стандарди за заштита на човековите права ги обврзуваат властите да ги заштитат учесниците на јавни собири од повреди и насилство.
На 15 март 2025 година, во Белград, на повик на студенти, беше организиран најголемиот собир во Србија. Како дел од програмата, беше одржано 15-минутно молчење за жртвите од пад на бетонска настрешница на железничката станица во во Нови Сад, но во 11-тата минута се слушна звук, што граѓани подоцна го опишаа како сличен на пад на авион или возило кое со голема брзина налетува кон луѓе.
Толпата во тој дел од градот (Теразие) се подели на два дела и меѓу луѓето се создаде голема паника. Во следните денови, јавно излегоа обвинувања дека е употребен звучен топ.
Властите негираа, но беше откриено дека полицијата поседува звучни топови наречени LRAD 450XL, за кои прво тврдеа дека воопшто не ги поседуваат, потоа дека ги имаат, но дека се наоѓаат во магацини, и на крајот, „Данас“ откри дека уредите сепак биле монтирани на полициски возила и дека тие возила биле на улици во Белград тој ден.
Вишото јавно во Белград во петокот, 19 јуни, соопшти дека се сомнева дека студентите „планирале да симулираат звучен топ“ на протестот на 15 март, и наредиле собирање информации во врска со тоа, како и спроведување разговори со сите оние кои јавно тврделе дека е употребен звучен топ против учесниците на тој протест.
Во понеделникот беше претресен станот на воениот аналитичар Александар Радиќ, и на адвокатот и потпретседател на Лигата на социјалдемократи во Војводина, Александар Оленик беше повикан во полиција на информативен разговор, на 24 јуни. Главниот уредник на порталот Srbin.info, Дејан Златановиќ, беше сослушан на 23 јуни. Во полиција беше повикан и главниот уредник на агенцијата Бета, Војкан Костиќ, кој го интервјуирал Радиќ на денот на претресот. Тој беше повикан во полиција „поради сомнение за подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“.
Радиќ, кој беше еден од првите кои зборуваа за употреба на звучен топ, денеска во писмена изјава до Бета наведе дека ја напуштил Србија откако на ТВ Информер се појавиле инсерти на кои е неговата малолетна ќерка.
„Цел била мојата ќерка, која за неколку дена ќе наполни 16 години. Во вторникот, на 23 јуни, ТВ Информер прикажа инсерти од безбедносни камери, а во текот на тој ден објавија нови снимки од мене како ја чекам во паркот да заврши некои обврски. Што правите кога има многу непријатели и вашето дете е загрозено? Отидовме во странство“, наведе Радиќ во писмена изјава за агенцијата Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ЕУ повикуваат на кредибилна и транспарентна…
Европската Унија повикува на транспарентна и веродостојна…
Полициска акција низ Македонија: Лишени од слобода…
Лишени од слобода 19 возачи за безобѕирно…
Од 1 јули стапува на сила забраната…
Се воведува целосна забрана за движење во…
Русите прогласија вонредна состојба на Крим
Руските окупаторски власти прогласија вонредна состојба на…
(Видео) Мал авион се урна во највисокиот…
Мал авион се чини дека удри во…