ОД НАРОДОТ ЛИ СЕ ПЛАШИ АРТАН ГРУБИ? Судијата Панчевски за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер
Поранешниот претседател на Кривичниот суд и судија во Одделот за организиран криминал, Владимир Панчевски, со остар статус на социјалните мрежи реагираше по последните случувања поврзани со случајот против Артан Груби.
Во објавата, Панчевски наведува дека во својата кариера судел тешки криминалци и трипати бил притворан, како што тврди, „по налог на Зоран Заев“, без притоа да побара посебна заштита или да се повика на личната безбедност.
– Македонија е држава со двојни стандарди! – пишува Панчевски, прашувајќи „од народот ли се плаши Артан Груби“ и додавајќи реторички прашања за односот на институциите кон осомничените во предмети од висок профил.
Тој упатува критики и кон вршителката на должноста јавен обвинител, оценувајќи дека со одлуките во конкретниот случај ја „обезвреднила обвинителската тога“ и поставува прашање дали таа треба да биде избрана за државен обвинител.
Статусот на Панчевски предизвика реакции на социјалните мрежи, додека институциите засега немаат официјален коментар во врска со неговите наводи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОД НАРОДОТ ЛИ СЕ ПЛАШИ АРТАН ГРУБИ?…
Поранешниот претседател на Кривичниот суд и судија…
(Фото) УШТЕ ЕДЕН ТОН МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТ ВО…
Уште еден тон дрога денес е запленет…
Сведок за „Тајм“ за „човечките сафари“ во…
Нови застрашувачки обвиненија се појавија против богат…
Во Србија итно се повлекува храната за…
Министерството за здравство денескаобјави дека го повлекува…
Стапија на сила глобалните царини на Доналд…
Преработените глобални царини на америкнскиот претседател Доналд…