Од полноќ поскапуваат горивата

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.

Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.2.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Повторно нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Дизелот поевтинува од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Од 1 јануари струјата поскапува за околу…

Од 1 јануари, цената на електричната енергија…

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…