Од полноќ поскапуваат сите горива
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година.
Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 ден/кг и сега ќе изнесува 34,520 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Дизелот поевтинува од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Добра вест: Горивата поевтинуваат за два денари
Цената на горивата од ноќеска на полноќ…
Дизелот поефтинува за 2,5 денари, од полноќ…
Регулаторната комисија донесе одлука со која се…