Од понеделник можно намалување на акцизата за горива, цените повторно растат

t

Владата повторно ќе ја намалува акцизата за горивата, за да го спречи ценовниот шок, откако вчера дизелот поскапе за 5,5, а бензините за 1,5 денари по литар. Од Илинденска најавија дека одлуката би требало да стапи во сила веќе од понеделник, по анализата на движењата на светските берзи во првата половина од месецот.

Според Владата, новите тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу Ормускиот Теснец повторно создаваат притисок врз цената на суровата нафта. Владата внимателно ја следи состојбата и ќе интервенира за да ги ублажи последиците врз домашниот пазар, велат оттаму, повторно нагласувајќи дека земјава и понатаму има меѓу најниските цени на горивата во регионот,  иако нафтата ја набавувле од истите меѓународни пазари како и останатите европски држави.

„Веќе од понеделник повторно ќе има намалување на акцизите за безоловдниот бензин и за дизелот. Денеска сме 15-ти, да почекаме да се затворат берзите, за да направиме анализа за првите 15 дена, така што остануваме посветени на таа политика“, велат од Владата.

По ескалацијата на состојбата на Блискиот Исток и скокот на цената  на нафтата на берзите, во март државата се откажа од 4 денари по литар акзица за дизел и 2 денари за бензин, а ДДВ-то за го намали од 18 на 10 проценти, како дел од пакетот мерки за ублажување на ценовниот притисок. По повеќе од еден месец откако ги укина мерките, Владата повторно интервенира, што може да ги измеша сметките во неодамна ребалансираниот буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од понеделник можно намалување на акцизата за…

Владата повторно ќе ја намалува акцизата за…

Мерц: И натаму стојам зад предлогот за…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, денеска изјави дека…

„Стражарите ми ја покриваа устата за да…

Дваесет и петгодишната активистка Ана Лидке, која…

Гоѕи: Западен Балкан не може да биде…

Генералниот секретар на Европската демократска партија (ЕДП)…

Трамп со нов ултиматум кон Иран: „Станува…

Американскиот претседател Доналд Трамп му постави нов…