Од септември се отвора средно полициско училиште

t

Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години.

Новото средно полициско училиште ќе биде двегодишно (трета и четврта година) и ќе запишува средношколци на возраст од 15-16 години, кои првите две години ги завршиле во кое било четиригодишно средно училиште во државата. Учениците ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште.

Теоретски знаења и практични вештини според безбедносните стандарди

Откога е укинато училиштето постои основна полициска обука на кандидати од 18 до 25 години, избрани на јавен оглас, кои по една година во Центарот за обука засноваат работен однос во МВР. Тоа, според иницијаторите за основање на новото средно полициско училиште, не овозможува рана и целосна подготовка на идните полицајци. Врз основа на компаративни искуства на земји од регионот, сметаат дека училиштето ќе обезбеди континуирано, структурирано и квалитетно образование уште од средношколската возраст и ќе подготви кадар кој од првиот ден на професионалната кариера ќе поседува теоретски знаења и практични вештини во согласност со безбедносните стандарди и потребите на државата.

За да бидат примени учениците ќе треба да исполнат општи услови (државјани на Северна Македонија, помлади од 18 години, активно користење на македонскиот јазик, здравствена и психофизичка способност) и посебни услови што ги пропишува министерот за внатрешни работи.

Влатко Митковски, помошник на министерот на Центарот за обука на МВР, за МИА вели дека откога се најави отворањето на полициското училиште, на нивната фејсбук-страница постојано добиваат прашања за детали во врска со наставата и кога ќе биде објавен конкурсот. За да ги информираат учениците што завршуваат втора година планираат посети на средните училишта во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од септември се отвора средно полициско училиште

Околу двесте ученици ќе се примаат во…

Обоена со сина боја зградата на МВР…

Денес на 7 март, светот ќе им…

Скандал во МВР: Главен пилот фалсификувал дозвола…

Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи…

МВР: 19.066 регистрирани од „Безбеден град“ во…

Во текот на февруари констатирани се 19.066…

Не ни иде паметот: Кривични пријави за…

Кривични пријави за 10 возачи поради возење…