Од телевизија го знаеле – ЗНАМ: Немаме партиско влијание во бизнисите на Петровски, тој не зазема никаква партиска функција!
Движењето ЗНАМ за наша Македонија реагираше на денешната прес конференција на СДСМ во врска со тендерската постапка за хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти.
Од партијата информираат дека Движењето ЗНАМ нема никакво партиско или политичко влијание во ниту една ваква постапка. Иако господинот Сашо Петровски бил носител на советничката листа за општина Кисела Вода, тој не зазема никаква партиска функција.
„Тој е приватен сопственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и има значајно професионално искуство и во одржувањето на приватни компании, но и државни институции“, се наведува во соопштението.
ЗНАМ истакнува дека, доколку било кој надлежен орган утврди конфликт на интерес или прекршување на законот, тие ги повикуваат органите да постапат согласно законската регулатива. Во спротивно, секој има право демократски да води сопствен бизнис и да учествува на јавни конкурси.
„Движењето ЗНАМ се оградува од било каква инволвираност во ваквите случаи“, стои во реакцијата на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од телевизија го знаеле – ЗНАМ: Немаме…
Движењето ЗНАМ за наша Македонија реагираше на…
Фајненшл тајмс: Зеленски предлага демилитаризирана зона во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да…
Георгиевски: Национализмот на Владата е апсурден и…
Сите ние како општество, како држава, како…
СДСМ: Дубаи, Венеција, визи – а за…
Денеска беше објавена фотографија од претседателот Венко…
„Сакам да живеам во Македонија во која…
Сакам да живеам во Македонија во која…