Од утре започнува тестирањето на камерите на „Сејф сити“ – ќе се затвораат сообраќајници низ Скопје
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор.
Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.
Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.
Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре започнува тестирањето на камерите на…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек…
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40…
Прегазена жена во Скопје, пренесна во „Мајка…
Вчера во утринските часови на улицата Војвода…
Од вторник започнува тестирањето на камерите на…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
(НЕ)ЗАГАДУВАЊЕТО ОД УСЈЕ – Еве како изгледа…
Скопје и утрово е меѓу најзагадените градови…