Објавено на:

Одбележување на 165 години од „Зборникот на Миладиновци“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

t

Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“.

Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет.

Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, Анета Механджијска, по што ќе следува осврт за „Зборникот“ и за творештвото на браќата Миладиновци од Братислав Ташковски.

Во рамки на програмата е предвидена актерска изведба на избрани песни и текстови од „Зборникот на браќата Миладиновци“, како и изложба на сите изданија на „Зборникот“ и на делата на Миладиновци што се дел од библиотечниот фонд.

„Зборникот на браќата Миладиновци“, објавен во 1861 година, се смета за едно од најзначајните дела во македонската културна и книжевна историја, со трајно значење за зачувувањето на народното творештво и јазичното наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одбележување на 165 години од „Зборникот на…

Скопје денеска ќе одбележи 165 години од…

Трамп: Нетанјаху „нема да има друг избор“…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека премиерот…

(Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: Најмалку…

Силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени…

Денес се празнува Пренос на моштите на…

Македонец, од градот Кратово. По занает златар.…

Метео: Претпладне сончево, попладне дожд

Претпладне сончево со мала до умерена облачност.…